Полска го донесе спорниот закон за холокаустот | Свет | DW | 01.02.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Полска го донесе спорниот закон за холокаустот

Дебатата за законот во горниот дом на полскиот парламент траеше до доцна во ноќта. На крајот застапниците за законот беа убедливо побројни - наспроти критиките од Израел и САД.

Резултатот од гласањето за контроверзниот закон за холокаустот во полскиот Сенат беше јасен: 57 гласа „за“, 23 „против“ и двајца воздржани. Законот предвидува парични казни или казна затвор до три години доколку некој наспроти фактите го обвини полскиот народ или полската држава дека се соодговорни за  нацистичките злосторства. Откако двата дома на парламентт се изјаснија „за“ законот, сега согласност треба да даде уште претседателот Анджеј Дуда.

Противниците на законот забележуваат дека формулациите во законот се непрецизни. Полскиот министер за надворешни работи Јацек Чапутович за телевизијата ТВП1 изјави дека владата не мора да го менува законот, туку едноставно треба само подобро да објасни како го интерпретира. Според Чапутович, со законот би требало да се стави крај на „кампањата на клеветење“.

Според Варшава, загриженоста на Израел дека полската влада сака да ја прикрие одговорноста на Полска во злосторствата врз Евреите, е неоснована. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху претходно изјави: „Историјата не може да се промени, а холокаустот не може да се негира.“

Повеќе:

Холокаустот е историски факт кој не смее да се брише ниту оспорува

Заборавен и потиснат: Холокаустот во Србија и во Хрватска

Критики за законот стигнаа и од САД. Портпаролката на Министерството за надворешни работи Хедер Науерт изрази загриженост поради можните последици од законот. Американската влада стравува дека законот би можел да ѝ наштети на слободата на говор и на историските дебати. Науерт предупреди и дека тој би можел да има „последици“ врз „стратешките интереси и односи на Полска, меѓу другото и со САД и Израел“.

DW.COM

Реклама