Политички земјотрес во Украина: Јасна победа на комичарот Зеленски | Свет | DW | 21.04.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Политички земјотрес во Украина: Јасна победа на комичарот Зеленски

Комичарот Володимир Зеленски го „прегази“ Петро Порошенко на претседателските избори во Украина.

Прогнозите велат дека за 41-годишниот комичар Володимир Зеленски гласале речиси 73% од избирачите, а за Петро Порошенко само 25%.

„Никогаш нема да ве разочарам“, му вети Зеленски на украинскиот народ во говорот во својот изборен штаб. Тој се обрати и до луѓето кои живеат во другите држави кои некогаш беа советски републики: Погледнете не’! Се’ е можно.“

Ukraine | Präsidentschaftswahlen | Reaktion Poroschenko (DW/L. Rzheutska)

Порошенко го призна поразот

Досегашниот претседател Порошенко го призна поразот и му честиташе на победникот. Во говорот пред своите приврзаници тој рече дека ќе се повлече од сите функции, но потенцираше дека нема да се повлече сосема од политиката: „Ќе останам во политиката и ќе се борам за Украина“, рече 53-годишниот Порошенко.

Повеќе:

Предизборен спектакл без преседан

Украина: очајнички се бара претседател- спасител

Партијата на Порошенко претходно соопшти дека сега ги има во фокус  парламентарните избори во октомври. „Потребни ни се заеднички напори за да ја одбраниме земјата“, нагласи Порошенко, кој постојано предупредува од опасноста од руска агресија врз неговата земја.

DW.COM

Реклама