1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Militärübungen in Belarus Union Courage-2022
Фотографија: Russian Defense Ministry/AP/picture alliance

Пендаровски: Русија ќе предизвика конфликт во Украина

21 февруари 2022

Се уште постои можност за дипломатско решение на кризата во Украина, но конфликтот се чини се поблиску, вели во интервју за ДВ по враќањето од Минхен, македонскиот претседател Стево Пендаровски.

https://www.dw.com/mk/%D0%BF%D0%B5%D0%BD%D0%B4%D0%B0%D1%80%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%B7%D0%B0-%D0%B4%D0%B2-%D1%80%D1%83%D1%81%D0%BA%D0%BE-%D1%83%D0%BA%D1%80%D0%B0%D0%B8%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%BA%D1%80%D0%B8%D0%B7%D0%B0-%D0%B5-%D1%81%D1%90-%D0%BF%D0%BE%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D1%81%D0%BA%D1%83-%D0%B4%D0%BE-%D0%BA%D0%BE%D0%BD%D1%84%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D1%82/a-60854149

Конфликтот во Украина е сѐ поблиску, вели во интервју за ДВ претседателот Стево Пендаровски по враќањето од Минхен каде учествуваше на безбедносната конференција. 

„(...)Состојбата е сѐ поблиску до конфликт, но, сѐ уште има простор и за дипломатско решение. Последниве недели се активни четири линии на комуникација помеѓу западната Алијанса и Русија: прво, дијалогот на највисоко ниво меѓу Вашингтон и Москва, потоа во рамките на ОБСЕ и во Советот НАТО – Русија и т.н. Нормандија-формат кој е од неодамна ревитализиран, и секоја од нив придонесува кон етаблирање на дијалогот како начин за смирување на тензиите, иако звукот на оружјето, за жал, е сѐ погласен. Генерална проценка на нашите западни партнери во моментов е дека Русија ќе предизвика воен конфликт во Украина, но, постојат различни проценки и сценарија околу тоа каков би бил интензитетот на таа воена интервенција и околу нејзината географска дистрибуција.“ 

БНД Бруно Кал Стево Пендаровски Македонија Минхен
Шефот на германската БНД, Бруно Кал и македонскиот претседател Стево Пендаровски во МинхенФотографија: President of R. North Macedonia

Пендаровски во Минхен се сретна со првите луѓе на едни од најмоќните разузнавачки агенции - германската БНД, британската МИ 6, француската ДГСЕ. Главна тема на сите разговори била состојбата во Украина. 
„Украина беше топ тема на сите дебати и разговори и споменатите личности не ја криеја својата загриженост дека агресијата на Русија врз Украина, особено од поголеми размери може да ја поремети безбедносната инфраструктура во Европа создадена по падот на комунизмот. Иако Западниот Балкан е навидум доволно далеку од тој крај на светот, не може да се исклучи дека во случај на таков развој на настаните е можно зголемување на тензиите и во нашиот регион,“ вели Пендаровски. 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Зградата на владата на Република Северна Македонија

Инаетот како главен енергенс

Mazedonien DW-Korrespondentin aus Skopje, Katerina Blazevska
Катерина Блажевска
Прескокни го блокот Повеќе теми
Врати се на почетната страница