Отпор против повлекување на американските трупи од Германија | Свет | DW | 30.06.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Отпор против повлекување на американските трупи од Германија

Од страна на американскиот претседател Трамп посакуваното повлекување на американски трупи од Германија, наидува на сѐ поголем отпор, дури и во сопствените редови. Водечки сенатори сакаат да ги спречат плановите.

„Повлекувањето на американските трупи од Германија би било подарок за Русија, а тоа е последното што би требало да го направиме“, критикува поранешниот републикански кандидат за претседател, сенаторот Мит Ромни. И блискиот соработник на претседателот Доналд Трамп, сенаторот Линдзи Греам, го поддржува ваквиот став, а демократот Крис Кунс објаснува: „Повлекување на речиси 10.000 војници од Германија, без договор со германската влада и другите наши европски сојузници, не ја прави Америка ни малку побезбедна.“ Демократката Џин Шехин вели дека присуството на трупите во Германија е во интерес на двете страни.

Затоа, пред донесувањето на буџетот за одбрана во сенатот, групата од шестмина сенатори поднесе амандман кој предвидува буџетски средства да се користат за повлекување на трупи само ако министерот за одбрана во извештај до Конгресот објасни зошто тоа би било во интерес на националната безбедност и да образложи дека тоа не би ја загрозило безбедноста на европските НАТО-партнери.

US-Truppen in Deutschland (picture-alliance/dpa/N. Arme)

Американскиот претседател Трамп сака да го намали бројот на американски војници во Германија од 34.500 на 25.000

Отпор и во Претставничкиот дом

И во Претставничкиот дом има отпор против плановите за повлекување, и тоа и од страна на Републиканци и од страна на Демократи. Демократите во Претставничкиот дом исто така поднесоа барање за спречување на повлекувањето на војниците од Германија со помош на буџетот. Трамп, како Врховен командант, може да нареди делумно повлекување на безбедносните сили. За тоа да се спроведе, меѓутоа, неопходни се пари кои треба да бидат одобрени од страна на Конгресот, значи од двата дома на парламентот. До донесувањето на буџетот за одбрана ќе има веројатно уште компромиси и „дилови“, па плановите на Трамп би можеле да бидат и спречени.

Американскиот претседател сака да го намали бројот на американски војници во Германијаод 34.500 на 25.000. Со делумното повлекување на трупите тој сака да ја казни Германија за, според него, сѐ уште недоволните издвојувања од буџетот за одбрана. Трамп минатата недела изјави дека некои до војниците кои би биле повлечени од Германија би биле префрлени во Полска.

Поврзана содржина

Реклама