Нов удар за Навални и неговите поддржувачи | Свет | DW | 26.07.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Нов удар за Навални и неговите поддржувачи

Рускиот регулатор на медиуми Роскомнадзор блокираше 49 веб-страници поврзани со затворениот критичар на Кремљ, Алексеј Навални. Неговите соработници планираат забоиколување на блокадата.

Руската државна надзорна агенција за медиуми, Роскомнадзор, ја блокираше интернет страницата на затворениот опозициски политичар Алексеј Навални во рамки на сѐ поголемиот притисок на медиумите и на цивилните организации пред парламентарните избори во државата на 19 септември.

Фондацијата на Навални за борба против корупција на Твитер објави дека властите би можеле да ја блокираат веб страницата на системот „Паметно гласање“.

Оваа страница тимот на Навални ја воспостави спроти септемвриските парламентарни избори, за на нив да биде поразена владеачката партија Единствена Русија на претседателот Владимир Путин.

Роскомнадзор соопшти дека страницата е блокирана на 15 јули на барање на Главното обвинителство.

Повеќе:

-Растурање на мрежата на Навални

-Навални штрајкува со глад

-Судот ја одби жалбата на Навални, пресудата потврдена

Според официјалното образложение, одлуката е донесена бидејќи веб-страницата navalny.com, наводно, „содржела повици на масовни немири, екстремистички активности и учество во масовни (јавни) случувања на кои се кршат утврдените прописи“.

Леонид Волков, близок соработник на Навални, на социјалната мрежа Телеграм напиша оти тимот кој работи за затворениот дисидент наскоро ќе објасни на кој начин планираат да ја заобиколат блокадата на Роскомнадзор.

Навални во моментов издржува затворска казна од две и пол години поради прекршување на условната казна од 2014 година. Неговото апсење предизвика тензии во односите со Запад, кој бара негово ослободување.