Никола Димитров: Францускиот предлог е дебакл за македонската дипломатија | Северна Македонија | DW | 18.06.2022

Посети ја новата страница на DW

Погледнете ја бета-верзијата на dw.com. Сѐ уште не сме готови! Вашето мислење може да ни помогне да ја направиме подобра!

  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Никола Димитров: Францускиот предлог е дебакл за македонската дипломатија

Внесувањето на бугарските барања во Преговарачката рамка ни ја става судбината целосно во рацете на Софија, критикува поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров.

Напуштени црвени линии и дипломатски дебакл, обвинува поранешниот шеф на дипломатијата Никола Димитров по објавувањето на францускиот предлог за надминување на бугарско-македонскиот спор и отворање на преговорите со ЕУ.

„Не знам што е пострашно, да им верувам на нашиве дека го немаат предлогот или да не им верувам. Ако не се во тек со предлог што се однесува на македонските маки со Бугарија, тогаш тоа е признание дека не си ја работеле работата за најважното прашање за нацијата. Ако пак го имаат, а велат го немаат, си играат со довербата на јавноста“, вели Димитров за ДВ. 

Предлогот на француското претседателство, смета ексминистерот, не носи подалеку, а не поблиску до членство во ЕУ.
„Клучното прашање е дали преку ваков договор сме поблиску до целта- членство во ЕУ. За мене, нема никакви дилеми. Со ваква рамка, ЕУ е подалеку од денес, кога се уште немаме почнато преговори“.

Тој објаснува дека предлози за решавање на проблем меѓу две страни секогаш прво доаѓаат до засегнатите страни, но фактот што ваков предлог „воопшто паднал на маса веќе е дебакл за македонската дипломатија."
„Внесувањето на бугарските барања во преговарачкиот процес, и тоа во најважниот дел - кластерот Фундаменти, ни ја става судбината целосно во рацете на Софија. Ако таа не е задоволна од што било (не само внесувањето на Бугарите во Уставот), ќе си стоиме во место или ќе нѐ вратат назад." 

„Бескрајна агонија“  

ДВ во петокот објави детали од францускиот предлог кои се содржат во два документи, Преговарачката рамка и Предлог-заклучоците на Советот на ЕУ кои ги поднесува актуелното, француско, претседателство со ЕУ. За Димитров, целиот пакет е неприфатлив.
„Преговорите можат да се закочат во секој момент, не од Брисел туку од Софија и од тоа колку е таа задоволна од тоа како на пример ги имплементираме измените во учебниците", смета Димитров и се прашува како Скопје дозволило сето ова да стане дел од официјален предлог.   

„Па или не сме знаела да објасниме, или не сме биле убедливи, или најстрашно - сме давале сигнали дека ќе помине сѐ." 

Димитров вели дека во целата ситуација има три прашања кои што бараат политичка одговорност.

„Прво, како тоа Владата ќе се согласи во името на 2/3 мнозинство во Собранието да гарантира внесување на Бугарите во Уставот. Второ, како тоа македонската страна ќе прифати бугарско малцинство во Северна Македонија, кога бугарската страна уште има проблем со идентитетот на македонското мнозинство. Конечно, кога тоа се напуштила нашата црвена линија билатералните прашања да не станат дел од преговарачката рамка? Нели зборувавме цело време за португалскиот предлог? Таму овие прашања ги немаше никаде во рамката."  
Димитров смета дека со овој предлог, на Софија и се дава целосна власт врз нашата судбина. „Црно на бело. Една бескрајна агонија."

„Затоа на овој предлог треба да се каже: благодарам не! Ќе чекаме европски пристапен процес. Верувајте, подобро е и са вас и за многу други идни земји кандидати. Дотогаш, ќе си работиме дома“, вели Димитров за ДВ.

 

DW.COM

Поврзана содржина