Нетанјаху сослушан од „израелската ФБИ“ | Свет | DW | 03.01.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Нетанјаху сослушан од „израелската ФБИ“

Израелскиот премиер е осомничен за незаконско примање подароци од бизнисмени. Иследниците неколку часови го испрашувале во неговата резиденција. Нетанхају ги негира сомнежите за корупција.

Испрашувањето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кое го воделе членови на специјалниот иследнички тим Лахав 433, познат како „израелски ФБИ“, траело три часа, соопшти полицискиот портпарол. 

И Министерството за правда на Израел првпат објави опширно соопштение за случајот. Според него, истражната постапка која се одвива сега, е наложена лани поради различни сомневања против Нетанјаху.

Досега се испрашани повеќемина сведоци во Израел и во странство, а се најдени и релевантни документи. Во текот на истрагата минатиот месец дошло до пресврт, се дознава од правосудни кругови. Повеќе детали ќе бидат соопштени во понатамошниот тек на истрагата, доколку тоа не ѝ наштетува. Истовремено, некои од сомневањата не се потврдени, се вели во соопштението, а тоа се однесува на пример за нелегални донации за изборната кампања во 2009. година, изборна измама во интерните избори на партијата на Нетанјаху - Ликуд, како и илегално финансирање на авионски летови. 

„Нема да биде најдено ништо, зашто нема ништо“

Премиерот Бенјамин Нетанјаху во обраќањето пред пратениците од неговата владејачка партија Ликуд изјави дека оние кои се надеваат на негово паѓање од власта „ќе мора да почекаат со славењето и дека не треба да брзаат“. „Веќе реков и кажувам повторно: нема да има ништо, бидејќи и нема ништо“, им порача на противниците.

Израелските весници пишуваат дека истрагата се однесува на подароци во вредност од стотици илјади долари кои Нетанјаху наводно ги добил од израелски и од странски деловни луѓе. Шеесет и седумгодишниот Нетанјаху на власт со прекини е од 1996. година. Во моментов го извршува четвртиот мандат на чело на израелската влада.

 Со сопругата Сара, тој преброди во текот на годините повеќе скандали, вклучително и последните истраги за злоупотреби на државни пари за семејни прослави и работи на семејната резиденција. Тие ги негираа сите обвиненија.

Нетанјаху не е првиот израелски премиер против кого е покрената истрага.Ехуд Олмерт, кој на функцијата беше од 2006. до 2009. година, отслужува 18-месечна затворска казнаоткако во 2014. година беше осуден за земање мито. Поранешниот премиер Ариел Шарон беше под истрага во 2003. и 2004. година за обвиненија за мито и корупција, заедно со двајца негови синови. Во 2006. година неговиот син Омри беше осуден за корупција и мина извесен период во затвор.

DW.COM

Реклама