Нема можност за грчко вето на членството на Македонија во НАТО | Теми на денот | DW | 10.10.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Нема можност за грчко вето на членството на Македонија во НАТО

Дали постои закана од грчка блокада за влез во НАТО, и има ли закана за безбедноста на Македонија поради решавањето на косовскиот статус? На вториот ден од посетата на Скопје Ди Карло се сретна со министерот Милошоски.

default

Розмари Ди Карло на средба со шефот на македонската диломатија Антонио Милошоски

САД не отстапуваат од поддршката за Македонија за челенство во НАТО. Одлуката која треба да се донесе во Букурешт во април 2008 година ќе зависи од реформите и претставувањето на Македонија во Алијансата, изјави Розмари ди Карло, по средбата со шефот на дипломатијата Антонио Милошоски претпаднево.

Американскиот дипломат не очекува грчко вето - Ние ги поддржуваме тековните разговори на Метју Нимиц во Њујорк и неговите консултации со двете страни. Би сакала да кажам дека решавањето на спорот со името, не претставува услов за членство на Македонија во НАТО - рече Ди Карло.

Помошникот на државниот секретар во Стејт де партментот, сепак во политичките контакти со македонските политичари се концентрира на нивната консенсуалност околу приоритетните реформи во државата. Американскиот функционер попладнево разговара и со претседателите на СДСМ Радмила Шеќеринска и на ДУИ Али Ахмети.

САД посакуваат стабилност во Македонија пред можната имплементација на нивното сценарио за идната надгледувана незавинсот на Косово.

Македонските безбедносни сили не им даваат приоритет на појавата на АНА - нова паравоена формација, во која има Албанци од Македонија и која би се борела за незваисно Косово. Безбедноста во Македонија е стабилна, изјави министерката за надворешни работи Гордана Јанкуловска. - Во контекст на решавање на финалниот статус на Косово внимателно ја следиме состојбата и доколку има евентуални промени, соодветно ќе реагираат безбедносните служби и се разбира националниот совет за безбедност – потенцираше Јанкуловска.

Во вчерашните разговори на државно владиниот врв Розмари ди Крло ги слушнала и македонските гледишта – етничката поделба на Косово ќе предизвика можна дестабилизација во регионот и безбедносна криза во Македонија.