Милостина за Тереза Меј | Свет | DW | 22.03.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Милостина за Тереза Меј

ЕУ повторно ѝ даде на британската премиерка уште малку време. Ако договорот за Брегзит биде усвоен следната недела, ќе добие два месеци, во спротивно-само две недели. ЕУ се спрема за тврд Брегзит, смета Барбара Везел.

Тереза Меј не може и нема веќе ни да научи. Уште еднаш допатува со празни раце на самитот на ЕУ во Брисел и немаше никакви спремни одговори за своите колеги. Каква е нејзината намера ако британскиот парламент и следната недела го одбие договорот за Брегзит? Без одговор. Има ли алтернативни планови за таков случај? Без одговор. И така натаму. Резултатот беше повторно, целосно заслужено понижување за премиерката.

ЕУ ја презема контролата

Слоганот на поборниците на Брегзит- дека безусловно сакаат да си ја повратат контролата од Брисел, отсекогаш беше исклучително шуплив. По овој самит меѓутоа, треба да побараат враќање на парите. По преку четири месеци хаосни драми во Лондон, шефовите на влади на ЕУ-членките сега отсечно ја презедоа контролата врз временската агенда за Брегзит.

Повеќе:

ЕУ и понуди на Британија три опции за Брегзит

Брегзит: Како Монти Пајтон, само помалку смешно

Трпението поради континуираната нефлексибилност на Меј е на крај, а огромна е фрустрацијата од турбуленциите на британската политика. Европејците сакаат што побрзо да завршат со сево ова, на Тереза Меј ѝ одобрија само две недели, ако не успее да постигне изгласување на договорот за Брегзит.

Barbara Wesel Kommentarbild App *PROVISORISCH*

Барбара Везел

Преведено на Брегзит-време, двете недели се чинат како минути, ако се земе во предвид колку месеци залудно потроши британската премиерка за да удира со глава во ѕид. За неа по самитот беше исто како и пред него: преповторување на истите фрази, никаква идеја, никакви возбуди, никаква надеж. Ако Меј сега сепак, наспроти очекувањата, успее да го убеди парламентот, на Британците им останува време до европските избори во мај да ги усогласат и променат своите закони. Но, на 11 април е следната пречка, преку која Велика Британија може да се сопне, ако конечно во Лондон воланот не го преземат разумни луѓе и не ја запрат вртоглавата трка. ЕУ сфати дека веројатно така и ќе се случи, сметајќи се за доволно подготвена.

На ЕУ ѝ преостануваат уште неколку опции

Владата во Лондон, пратениците или кој уште и да се чувствува одговорен, сите имаат уште една мала шанса  да го запрат заканувачкиот пад. Тие уште можат да го повлечат барањето за излез од ЕУ според членот 50. Тие уште можат да најават свое учество на изборите за Европскиот парламент во мај и да побараат подолг рок за Брегзит. Тоа Тереза Меј пак го отфрли. Таа конечно мора да биде истуркана од функцијата, за да може да се отвори пат за компромиси и решенија.

Повеќе:

Меј во јазол- Закон од 17 век го блокира Брегзит

Но, познато е дека кај британските Ториевци нема ниеден убедлив кандидат. Аспиратори за наследници на Меј се пред сѐ залагачите за Брегзит, кои можат дополнително да ги влошат работите. А кај опозицијата, Лабуристичката партија и нејзините троцкисти од стар ков, состојбата е слично обесхрабрувачка. Сепак, не може ли да се најде некој привремен премиер, човек од центарот, кој би ја завршил оваа Брегзит-драма без крај?

Меј го има прифатено тврдиот Брегзит

Со одлуката од бриселскиот самит, Брегзит е само малку одложен, но тоа не е веќе ништо повеќе отколку милостина. За останатото треба да се погрижи Лондон. Но, ако таму не се случи вистинско будење и преврат, тогаш нема излез од самопоставената стапица. Рапидно растечката петиција на граѓаните за повлекување од членот 50 може да понуди излез, но Тереза Меј потенцираше- овие потписи не ја интересираат.

Повеќе:

Британски фирми се „вооружуваат“ за тврд Брегзит

Викендов во Лондон пак ќе ќе одржи голема демонстрација против Брегзит. Но, Меј и кон тоа е „имуна“. Се чини дека таа во меѓувреме се има помирено со идејата за тврд Брегзит. Тоа би било најмизерното наследство на една премиерка, која не го ни заслужува тоа име, зашто е само слеп партиски војник на конзервативците. 
Носителот на одговорност за една земја не смее да трупа една по друга грешка, како минус и минус во политиката на крајот да доведуваат до плус. Тереза Меј во моментов конкурира со Дејвид Камерон за титулата најлош премиер на сите времиња. Доколку дозволи Велика Британија да се втурне во нерегулиран Брегзит поради нејзините слабости, неспособност и тврдоглавост, таа ќе го добие натпреварот. Наградата е медал од олово и црна дамка во историските учебници.

 

DW.COM

Реклама