Меркел: Преговорите со Британците ќе бидат немилосрдни | Свет | DW | 28.04.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Меркел: Преговорите со Британците ќе бидат немилосрдни

Ангела Меркел испрати јасна порака до Лондон: Преговорите за Брегзит меѓу Британците и ЕУ ќе бидат немилосрдни. Меркел во владиното соопштение не прави отпстапки, коментира Нина Веркхојзер.

Гласањето на Британците за Брегзит растажи бројни германски политичари, но времето на тагување дефинитивно е поминато. Сега, во преговорите кои почнуваат по парламентарните избори во Велика Британија на 8. јуни, се влегува без емоции. Секоја страна, што е можно подобро, се подготвува за размената на меѓусебни удари околу условите за повлекувањето,кое треба да биде завршено во следните две години. Преостанатите 27 земји-членки на ЕУ во саботата, на вонредниот самит, усвоија посебни насоки за преговори со Велика Британија и нејзиниот излез од ЕУ. И тоа со голема поддршка од учесниците на самитот, како што изјави германската канцеларка Ангела Меркел.

Оној кој вчера ја слушаше изјавата на нејзината влада, веќе сега знае во која грмушка се крие зајакот. Работите нема да се одвиваат во согласност со посакувањата на Тереза Меј. Ако британската премиерка има намера да се откаже од долгорочните финансиски обврски на Велика Британија кон ЕУ, тогаш ќе наиде на цврст орев. На Меј нема да ѝ успее жешкиот компир да го земе во свои раце дури на крајот на преговорите, може да се заклучи од пораките на германската канцеларка. Таа јасно го осуди убедувањето на некои Британци дека по излегувањето од ЕУ, ќе ги задржат истите права како и претходно. Тоа е илузија и губење време. Изборот зборови кои ги користеше германската канцеларка, навестува колку немилосрдно ќе се влезе во идните преговори. 

Nina Werkhäuser Kommentarbild App

Нина Веркхојзер

Од најголемо значење е редоследот според кој ќе бидат изработени модалитетите за излезот на Британија од ЕУ. Идната „трета земја“ Велика Британија може да се надева на чесна, но не и прекумерна благост во преговорите. Со најголема прецизност ќе се води сметка за секоја одделна ставка. Во случајот со Германија, станува збор за правата на околу 100.000 германски државјани кои живеат во Велика Британија. Острата преговарачка линија е во интерес на ЕУ, зашто на тој начин сака да ги заплаши сите кои имаат намера да го следат патот на Велика Британија. Настапот на Ангела Меркел во Бундестагот е јасна порака до Лондон: преговорите ќе бидат немилосрдни.

 

DW.COM

Реклама