Меркел: Од Путин побарав ослободување на Навални | Свет | DW | 20.08.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Меркел: Од Путин побарав ослободување на Навални

На веројатно последната официјална посета на Ангела Меркел на Русија, од домаќинот Владимир Путин побарала да изврши притисок врз талибанците за евакуација на локалните соработници на Западот од Авганистан

Шефот на Кремљ на германската канцеларка на нејзината веројатно последна официјална посета ѝ подари букет рози. Но, брзо по почетната размена на учтивости, канцеларката премина на суштината: „Постојат длабоки разлики“ околу тие разговарале, но без оглед на нив, Германците и Русите треба да останат во дијалог, само така може да се оди натаму, истакна Меркел на заедничката прес конференција.

Кацеларката е во посета кај Путин по подолго време и тоа токму на едногодишнината од атентатот со отровот Новичок врз критичарот на Кремљ, Алексеј Навални. „Уште еднаш побарав ослободување на Алексеј Навални“, рече Меркел, и додаде дека „ставила јасно на знаење дека ќе се опстојува на тоа“. Путин контрираше со тврдење – Навали не во затвор од политички причини, туку поради криминал.

Русија до денес отфрла спроведување истрага за случајот, а самиот Навални го обвини лично Путин за нападот со отров врз него. Поради труењето на Навални, ЕУ воведе санкции против Русија.

-повеќе: 

Меркел кај Путин: Канцеларката заминува, споровите со Кремљ остануваат

Кој има поголеми штети од случајот Навални - Путин или Германија?

Меркел и Путин: Не се пријатели но затоа се партнери

Меркел ја критикуваше и забраната за работа на три германски невладини организации, а со нивното бришење од листата на непожелни организации во Русија, го услови и продолжувањето на Петербуршкиот дијалог за соработка на цивилните општества на двете земји. Германија го замрзна овој формат на дијалог, но Путин останува тврд – изјави дека не толерира вмешување и поуки од надвор.

Една од „жешките“ теми меѓу двајцата државници секако беше ситуацијата во Авганистан, која Путин ја посочи како пример за потфрлањето на Западот во обидите да им пренесе демократски вредности на други држави. Според Меркел, Западот успеал со својата мисија да елиминира акутна терористичка закана во Авганистан, иако не трајно, замолувајќи за поддршка во евакуирањето на локалните соработници од земјата.

Путин пак ја повика германската канцеларка да го употреби своето влијание врз владата во Киев во украинскиот конфликт. Меркел в недела патува во Украина за да се сретне со претседателот Зеленски. На задоволство на Путин, таа се заложи за спрведување на Минскиот мировен договор како решение на конфликтот во источна Украина.

Забелешката за нејзина „проштална посета“ на Москва, канцеларката ја проследи со зборот „можеби“. Путин на крајот искажа пофални зборови за Ангела Меркел, без оглед на длабоките разлики во нивните мислења. „И во иднина ќе бидеме среќни да ја примиме во Русија, чувствувае голема почит кон нејзините постигнувања“, рече Путин. Според него, Меркел спаѓа „со право меѓу најпочитуваните водечки личности во Европа и на меѓународната сцена“, а тие двајцата секогаш воделе „отворен и содржински дијалог, и покрај разијдувањата."

За разлика од Меркел, Путин по преку 20 години на власт, не размислува да ја напушти функцијата. Благодарение на уставните измени од ланската година, во случај на негов реизбор во 2024 и 2030 година, може да владее до 2026 година. 

 

Поврзана содржина