Меркел: На Балканот му требаат автопатишта, а не студии за изводливост | Економија | DW | 22.02.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Економија

Меркел: На Балканот му требаат автопатишта, а не студии за изводливост

Германската канцеларка отворено ја критикуваше ЕУ поради бавноста во спроведувањето на проектите и исплатата на помошта за земјите од Западниот Балкан.

Германија ја поддржува ЕУ перспективата на шесте западнобалкански држави, потврди канцеларката Ангела Меркел по средбата со македонскиот премиер Зоран Заев во Берлин. Но, таа уште еднаш потенцираше дека за да се оствари таа перспектива потребни се реформи, особено во областа на правосудството.
Но, Меркел ја искористи прес-конференцијата, во одговор на новинарско прашање да ја искритикува ЕУ поради бавноста во помошта за Западниот Балкан. Канцеларката вели дека парите не се проблем. Напротив. Но, проблемот е што периодот од фазата на одобрување на средствата до исплатата е предолг.
Прашањето е, вели Меркел, колку долго трае периодот во кој веќе постоечките пари не можат да бидат потрошени. Луѓето не ги интересира „третата студија за изводливост“, туку, како и во времето на германското обединување, кога ќе биде изграден првиот километар автопат, рече Меркел.

Гледај видео 01:18

Меркел: Германија ќе помогне онаму каде може во спорот за името


ЕУ веќе ги помага финансиски Србија, Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово во изградбата на инфраструктурните проекти. Во позадината на тоа, оценуваат медиумите во Германија, е се поголемиот интерес на Кина, Русија и Турција за регионот на Западниот Балкан.

Читајте не и преку апликацијата на ДВ за андроид

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама