Меркел и Буш согласни по прашањето за Иран | Вести | DW | 11.11.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Меркел и Буш согласни по прашањето за Иран

*

Во спорот околу иранската атомска програма САД и Германија се залагаат за изнаоѓање дипломатско решение. Голема желба на двете земји е конлфикото да се реши по мирен пат, рекоа претседателот Џорџ Буш и канцеларката Ангела Меркел на крајот на нивната средба на ранчот на американскиот претседател во Крафорд. Меркел укажа на тоа, дека доколу владата во Техеран не сака да го смени курсот, заедницата на држави би морала да размислува за натамошни санкции. Буш потврди дека нема да се дозволи, Иран да произведува атомско оружје. На разговорите во Крафорд стана збор и за реформата на Советот за безбедност. Американскиот претседател уште еднаш ја нагласи неговата поддржка за кандидатурата на Јапонија за постојано место во највисокото тело на Светската организација.