Мас бара Германија да биде противтежа на САД | Свет | DW | 22.08.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Мас бара Германија да биде противтежа на САД

Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас бара „ново премерување“ на трансатлантското партнерство. Германија би требало во иднина да создава „противтежа“ на САД.

Шефот на германската дипломатија Хајко Мас го исцртува костурот на новата стратегија на германската влада кон САД. Во гостински текст за весникот „Ханделсблат“, Мас пледира за „балансирано партнерство“ со САД, во кое „ние ќе бидеме противтежа онаму каде што САД ги пречекоруваат црвените линии“ и во кое „ќе ја внесеме нашата тежина онаму каде што Америка се повлекува“.

„Крајно време е за ново премерување на нашето партнерство“, пишува шефот на германската дипломатија во гостинскиот текст. „Не за да го оставиме зад нас, туку за да го обновиме и зачуваме.“

Мас укажува дека САД и Европа се оддалечуваат со години, тоа не се случува само по доаѓањето на американскиот претседател Доналд Трамп: „Преклопувањето на вредности и интереси, кое беше белег на нашиот однос две генерации, станува помало.“ Тие промени ќе траат и по мандатот на Трамп, па оттука не е опција „ова претседателство едноставно да се отседи“.

Министерот Мас се осврнува и на политиката на санкции на САД, која, како што е со случајот на Иран, погаѓа и фирми надвор од границите на САД. Целта мора да биде „законска заштита на европските претпријатија од санкции“, пишува тој во гостинскиот текст.

Гледај видео 00:49

Трамп се жали од Германија

Германија со Франција и другите ЕУ-држави мора да работи на „независни од САД платежни системи, на создавање Европски монетарен фонд и независен Свифт-систем“. Освен тоа, шефот на дипломатијата бара и дигитален данок на добивките на американските интернет концерни.

Истовремено, Мас се залага за поголеми издатоци за одбрана, како што и Трамп постојано бара од Европејците, а особено од Германија. Целта, според Мас, треба да биде Европска безбедносна и одбранбена унија. „Не затоа што Доналд Трамп постојано поставува нови цели во проценти, туку зата што веќе не можеме да се потпираме толку врз Вашингтон како порано.“

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама