Масовни протести против Трамп во Лондон | Свет | DW | 04.06.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Масовни протести против Трамп во Лондон

Помпезност и протести: посетата на американскиот претседател Трамп предизвикува бранувања во Велика Британија. Во заднина се чини како тој да сака да влече конци во изборот на наследник на премиерката Тереза Меј.

Американскиот претседател Доналд Трамп на вториот ден од државната посета, на кој на дневен ред се политички разговори, ѝ вети на Велика Британија обемен трговски договор по излезот на земјата од ЕУ. „Мислам дека ќе постигнеме многу, многу супстанцијален трговски договор, тоа ќе биде исклучително фер спогодба“, изјави Трамп на почетокот на неговата средба со британската премиерка Тереза Меј и економски претставници во Лондон. Трамп ѝ се заблагодари на Меј, која тој инаку постојано ја критикуваше за од негов аспект премлакиот Брегзит-курс, за нејзината „фантастична“ работа како премиерка. „Не ги знам деталите за Вашата временска агенда, но продолжете, овозможете го нашиот дил!“, истакна Трамп - доколку дојде до Брегзит, тоа би значело потесни врски меѓу САД и Велика Британија.

Трамп предизвика револт во земјата домаќин поради јавното врбување за Брегзит и за Борис Џонсон како наследник на Тереза Меј, што е против основните дипломатски правила. Меј пред една недела ја најави својата оставка како претседател на Конзервативната партија за 7 јуни. Претходно, таа трипати доживеа неуспех во изгласувањето на договорот за Брегзит кој го постигна со ЕУ. До крајот на јули Меј треба да ја напушти и премиерската функција, а покрај тврдолинијашот Џонсон аспирираат повеќе кандидати.

Proteste gegen Donald Trump in London (Reuters/C. Kilcoyne)

Балонот „бебето Трамп“ повторно во акција

Доналд Трамп на самиот почеток на неговата посета на Лондон се впушти и во вербално пушкарање на Твитер со градоначалникот на британската престолнина. Садик Кан, во одговор на навредите од Трамп дека е „тотален лузер“, го нарече американскиот претседател „идол на сите десни екстремисти во светот.“ Трамп инаку го има „на нишан“ Садик Кан уште од својата прва посета на Лондон, кога Кан на масовните демонстрации против доаѓањето на американскиот претседател со учество на стотици илјади граѓани, одобри во воздух да се вивне огромниот балон кој го претставува Доналд Трамп како бебе во пелени. Медиумски ефективниот балон е присутен и денеска, на актуелните демонстрации на противниците на Трамп, пред британскиот парламент.

„Се обидуваме да го потсетиме претседателот дека не е добредојден во оваа земја. Истовремено сакаме на сатиричен начин да покажеме колку е за луѓето одбивен Трамп со неговата политика на омраза“, изјави Лео Муреј, еден од креаторите на балонот. Недалеку од протестниот балон пред британскиот парламент, на плоштадот Трафалгер, демонстрантите поставија и пет метри висока фигура на Доналд Трамп, робот кој зборува, и со турнати пантолони седи на златна клозетска шолја. Некои демонстранти продаваат тоалетна хартија со испечатен лик на Трамп, на која стои: „Трамп е опасност за светот“.

На денешните протести под мотото „Карневал на отпорот, се очекуваат околу 250.000 луѓе, организаторите го критикуваат Трамп за сексизам и расизам. Како говорник е пријавен дури и лидерот на Лабуристичката партија, Џереми Корбин, кој во знак на протест отсуствуваше, и покрај поканата, на свечениот банкет кој синоќа кралицата Елизабета Втора го приреди во Бакингамската палата за американскиот претседател и неговата сопруга Меланија.

Трамп пак ги смета своите односи со Велика Британија за добри, убеден е дека и покрај протестите, тој е омилен во земјата.Поради шкотските корени на својата мајка и поседувањето два терена за голф, тој смета дека има потесни врски со Велика Британија од кој било друг американски претседател во минатото.

 

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама