Кризата во Скопје се претвора во фарса | Македонија | DW | 03.02.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Кризата во Скопје се претвора во фарса

Внатрешнополитичката криза во Македонија се претвора во фарса откако претседателот Ѓорге Иванов со тенки изговори одби да ѝ го додели мандатот за влада на опозицијата, пишува ФАЦ.

Во текстот со наслов „Кризата во Скопје се претвора во фарса“, весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ потсетува дека „долгогодишниот премиер Никола Груевски не успеа во обидот за составување коалиција“ и наведува:

„За да се осигура мирот меѓу двата најголеми етникума во земјата, во Македонија традиционално на власт е коалиција во која се застапени како партии на словенско-македонското мнозинство, така и на албанската етничка група. Груевски претходно владееше заедно со Демократската унија за интеграција, предводена од поранешниот лидер на албанските бунтовници Али Ахмети, за која гласаат речиси исклучиво Албанци. На изборите на крајот од 2016 година партијата загуби речиси половина од поддршката што ја имаше. Многу Албанци разочарани од соработката со Груевски, кој важи за корумпиран, ѝ свртеа грб на ДУИ. Додека шефот Ахмети и покрај тоа сакаше да го продолжи аранжманот за поделба на власта, делови од партиското раководство се спротивставија. Така, Груевски во неделата мораше конечно да го врати мандатот за составување влада. Според она како во земјата вообичаено се интерпретира македонскиот Устав, Претседателот сега би морал да му до додели мандатот за составување влада на лидерот на опозицијата Зоран Заев. Но претседателот Иванов ја оправда својата репутација на марионета на Груевски, кога во средата вечерта објави дека нема да му го даде мандатот на СДСМ на Заев (49 пратенички места). Прво Заев мора да прикаже потписи од 61 пратеник, значи да докаже мнозинство за влада. Иванов го игнорира тоа дека доделувањето на мандатот за составување влада треба да служи за организирање на вакво мнозинство, исто како што го игнорира фактот дека не го конфронтираше Груевски со барањето да го прикаже резултатот од коалиционите преговори уште пред тие да започнат. Во Скопје се претпоставува дека Груевски бара нови избори за да ја подобри појдовната позиција за својата партија. При губење на власта, што ќе значи и завршување на неговата контрола врз правосудството, тој би бил соочен со истраги за корупција, кои за него лично би можеле да завршат со затвор доколку дури и само мал дел од нив бидат докажувани во фер процеси“, пишува весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.

DW.COM

Реклама