Косово - од протекторат до членство во ЕУ | Балкан | DW | 11.12.2010
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Балкан

Косово - од протекторат до членство во ЕУ

Во Берлин е одржана панел дискусија на тема „Косово - од протекторат до членство во Европската унија", која ја организираше германската политичка Фондација „Хајнрих Бел“.

Што мислат германските новинари кои известуваат од Балканот?

Што мислат германските новинари кои известуваат од Балканот?

На дискусијата учествуваа германски новинари од печатените медиуми кои се одговорни за следење балкански теми. Косово со два милиони жители е најмлада, но истовремено и најсиромашна европска држава. 40 отсто од работоспособните граѓани немаат работа, а дури 60 проценти од луѓето на Косово живеат на село. Од една милијарда евра помош која Косово ја доби во периодот од 2000-2006 година, само 7 проценти се вложени во образование на младите и во развој на руралните средини. Ваквата состојба на Косово може да биде нормализирана само кога ќе се променат политичките актери, кои на Косово владеат последните 20 години, смета берлинскиот новинар Ридигер Росих.

„Она што го чувствуваме во Србија, во БиХ, но и во Хрватска, е тој национален дух, да мислиш само на својата нација, а не за тоа - што би било добро за мојата држава. За вистински договор е потребно луѓето да зборуваат со луѓе, а не Срби со Албанци, Бошњаци со Срби и тн. Потенцијалот го создаваат паметни, европски ориентирани, образовани и отворени млади луѓе кои сакаат на сите да им биде подобро. Тој потенцијал постои од Вардар до Триглав, па така секако и на Косово. Јас се надевам дека овој млад, интелигентен свет, порано или подоцна ќе го пробие тој национален ѕид.“

Земјата да се извади од изолација

Сегашните власти на Косово мора да смислат начин земјата да излезе од изолација и протекторат, вели Андреас Ернст, дописник од Белград на весникот „Ноје

Kosovo Konferenz Heinrich Böll Stiftung Berlin

Ерих Ратфелдер: Ќе биде доста тешко

Цирихер Цајтунг“. Тој единствена шанса гледа во дијалогот и преговорите кои претстојат помеѓу Белград и Приштина.

Дискусијата треба да биде водена без табу теми. Постојат доволно теми околу кои може да се преговара, како што е прашањето за Северно Косово. Постои опција Северно Косово да и‘ се врати на Србија во замена за јужниот дел на Србија. Во суштина, не е важно што ќе биде договорено, важно е на крајот двете страни да кажат: добро е, се договоривме! Косово зависи од тој договор, бидејќи тоа е единствен начин да излезе од изолација, но и Белград зависи од тој договор зошто сака да влезе во ЕУ“, смета Ернст.

Нема консензус околу статусот на Косово

Претстојните преговори помеѓу Приштина и Белград нема да бидат баш така едноставни, смета Ерих Ратфелдер, кој од 1992 година, од Сараево, известува и пишува за балкански теми за берлинскиот дневен весник „Тагесцајтунг“. Дискусиите ќе бидат многу комлицирани,

Veranstaltung Kosovo Heinrich-Böll-Stiftung

Беса Шахини: Без Брисел нама да има никави преговори

бидејќи Белград и натаму го доведува во прашање признавањето на статусот на Косово, додека пак косовската влада ќе настојува на докажување на својот суверенитет, оценува Ратфелдер.

„Ќе биде доста тешко. Мислам дека би можеле да се договорат само околу помалку болни теми, како што се олеснување при економска размена или прашањето за граничната контрола во Северна Митровица, но и тоа само под услов во стартот да се изостават големите прашања.“

Слично мислење има и Беса Шахини, соработничка на невладината организација Европска иницијатива за стабилност. Двете соседни земји во текот на претстојните преговори ќе разговараат на практични теми од типот - енергија и слободна трговија. Големите прашања, како признавањето на Косово, нема да бидат тема на преговорите, оценува Беса Шахини.

„Претстојните преговори помеѓу Белград и Приштина се повеќе преговори помеѓу Белград и Брисел, и Приштина и Брисел, за тоа како може да се направи чекор напред кон ЕУ. Без Брисел нама да има никави преговори. Косово и Србија се трудеа да направат преговори, но тоа досега не беше успешно, па нема да биде ни отсега“, вели Шахини.

Автор: Селма Филиповиќ / Владимир Калински

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

Поврзана содржина