Како С-400 ќе ѝ помогне на Турција? | Свет | DW | 15.07.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Како С-400 ќе ѝ помогне на Турција?

Турција наскоро ќе стане единствената членка на НАТО која го користи напредниот руски систем С-400. Какви се карактеристиките на овој систем и зошто Турција ризикува влошување на односите со САД поради него?

Русија започна со испорака на делови за својот систем С-400 на Турција и покрај големото противење на Вашингтон. САД стравуваат дека Москва ќе добие тајни информации за најновиот модел на воениот авион Ф-35, доколку Турција паралелно ги користи С-400 и авионот од петта генерација во истовреме. САД се заканија со санкции поради купувањето, но Турција не попушта.

Системот С-400 „Триумф“ е противвоздушен ракетен систем со максимален дострел од 400 километри и може да погодува цели на висина до 27 километри. Беше воведен во 2007 година. Системот е мобилен и вклучува и контролна соба и неколку лансирни елементи, од кои секој поседува по 12 лансирни рампи. Русија го смета системот за клучен елемент на нејзината противвоздушна одбрана, а нејзината армија го распореди на Крим, како и во Сирија.

Го произведува државната компанија Алмаз-Антеј кој се наоѓа под санкции на ЕУ и САД поради руските акции во Украина. Системот С-400 е развиен за уништување на борбени авиони, крстосувачки ракети, балистички ракети и дронови. Руските медиуми тврдат дека тој е супериорен во однос на сличните системи кои ги произведуваат Франција и САД.

Russisches Flugabwehrsystem S-400 für Türkei (picture-alliance/dpa/Russian Defence Ministry)

Снимки од транспортот на С-400 од Русија

„Русите а претходно и Советскиот сојуз секогаш биле водечка сила во ракетната технологија“, вели британскиот воен експерт Ричард Коноли за ДВ. „Причината за тоа е што Американците и Западот произведуваат подобри воени авиони“.

С-400 е флексибилен и може да користи неколку различни типови ракети. Уште една негова голема предност е што е поевтин. „С-400 е двојно поевтин од Патриот-2 системот на САД“, вели Коноли.

Сигнал за САД

Турција наводно платила 2,5 милијарди долари за рускиот систем. Но, веројатно е дека во дилот улога играле и политичките односи. Московскиот воен експерт Александер Голц верува дека купувањето на С-400 од страна на Турција е „чиста политичка одлука“. Според Голц, „тоа е сигнал до САД и другите сојузници дека Турција сака да биде суверена во одбраната на својата територија“. Освен Турција, само уште Кина во светот го поседува овој систем. Индија потпиша договор вреден 5 милијарди долари со Русија, и сега чека на испорака на системот. И неколку држави од Заливот изразија интерес за купување на руското оружје.

Воените експерти предупредуваат дека, сепак, С-400 сѐ уште не е тестиран на военото поле.
„Системот не е тестиран во вистинска воена ситуација“, вели Симон Веземан од стокхолмскиот Институт за истражување на мирот (СИПРИ). „Единствениот тестиран систем е американскиот Патриот во 1991 година во Заливската војна“.

S-400 Luftabwehrsystem (Getty Images/AFP)

Лансирање на С-400 ракета во Астракан

Русија го распореди системот во Сирија, каде нејзините сили го поддржуваат претседателот Башар ал Асад. Во април 2018 година, кога САД го нападнаа режимот со десетици Томахавк крстосувачки ракети, руската армија сепак одби да го активира системот како контрамерка, забележува Александер Голц. „С-400 имаше шанса да го покаже својот квалитет при нападите на САД со Томахавк во Сирија, но руските власти беа доволно мудри да не го сторат тоа“, вели Голц.

Иако С-400 се смета за врв на технологија, сепак тоа нема да биде така уште долго. Руските воени производители веќе го завршуваат системот С-500, наречен „Прометеј“, кој се очекува да биде претставен во 2020 година. Во јуни 2019, рускиот министер за трговија Денис Мантуров најави дека тој е веќе подготвен за масовно производство. Официјалните податоци велат дека С-500 ќе има уште поголем дострел и ќе биде во можност да уништува и сателити кои орбитираат ниско.

DW.COM

Реклама