Има ли право Трамп? Што прави Германија за Украина? | Свет | DW | 28.09.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Има ли право Трамп? Што прави Германија за Украина?

„Меркел само зборува за Украина, а не прави ништо“, му рече претседателот Трамп во телефонскиот разговор на Володимир Зеленски. Украинскиот претседател илјадапроцентно се сложи со тоа. Дали Трамп е во право?

Економска помош

Овде Доналд Трамп сосема греши. Според бројките на Организацијата за економска соработка и развој ОЕЦД,  Германија е  на трето место, по ЕУ и САД, а кога станува збор за хуманитарна помош дури на второ место, по ЕУ. Од руската анексија на Крим во 2014 година наваму, Германија на Украина и` испратила околу 1,4 милијарди евра - 1,18 милијарди билатерално и уште 200 милиони преку ЕУ.

Само на име на развојна помош од 2014 година во Украина се уплатени вкупно 554 милиони евра, а освен тоа и 110 милиони евра како хуманитарна помош, кредит од 500 милиони и 25 милиони за стабилизација со тежиште врз надгледување на конфликти, зацврстување на правната држава и мировна медијација.

Ни ЕУ не треба да стравува од споредби со САД. Во текот на 2016 и 207 година таа ја помогнала Украина со сума која е двојно поголема од износот уплатен од САД. Во таа сума не се вклучени прилозите на одделни земји од ЕУ, како Германија.

ЕУ од 204 година наваму како развојна помош на Украина и` уплатила преку 260 милиони евра. Во рамките на оваа сума, германското учество изнесува близу 53 милиони. А во хуманитарни цели Европската унија уплатила речиси 755 милиони евра, од кои 151 милион се од Германија.

Воена поддршка

Германија и` пружа на Украина и воена помош. Тоа се случува во рамките на НАТО, па не може да се каже точниот германски придонес. Не се знае ни колку изнесува конкретно помошта од НАТО. Германија, кога е во прашање воената стратегија, секогаш настојува да води сметка и за вкупната стратешка ситуација со Русија, а таа перспектива секогаш ја изнесува и на советувањата на НАТО. САД уште за време на претседателот Џорџ Буш помладиот се обидуваа да ја вовлечат Украина во НАТО. Германија и другите држави од Алијансата, од обѕири кон Русија, тоа можеа да го спречат.

Повеќе: 

Што точно разговарал Трамп со Зеленски?

Што се крие зад аферата Трамп против Бајден и притисокот врз Украина?

Зошто Украинците треба да станат „нови Руси“?

Во 2008 година, на самитот на НАТО беше одбиено барањето на Украина за прием. Од 2018 година земјата е официјален кандидат за членство во НАТО. „Вратата на НАТО е отворена за секоја европска земја која е во состојба да ги исполни обврските за членство и придонесе за безбедноста во евроатлантскиот простор“, пишува во една декларација на Алијансата. Но, приемот на Украина би можел да ја загрози безбедноста на Сојузот поради конфронтација со Русија, затоа на тоа не се смета во догледно време.   

Frankreich 2018 Gedenken Ende Erster Weltkrieg | Trump, Merkel & Macron (Getty Images/AFP/B. Tessier)

Доналд Трамп, Ангела Меркел и Емануел Макрон - кој колку прави за Украина?

Но, воената соработка меѓу НАТО и Украина се зголеми од почетокот на кризата. Целта ан Алијансата е Украина да може подобро самата да се брани и да биде во состојба, преземајќи ги стандардите на НАТО, до 20120 година да оперира заедно со Алијансата. 

НАТО помага и во модернизацијата на украинските поморски единици. Западната алијанса го засили своето присуство во Црното Море, како и соработката со украинската морнарица. НАТО отсекогаш ја осудува и руската анексија на Крим и со тоа дипломатски ја поддржува Украина.

Мировните преговори и санкциите против Русија

Поддршката кон Украина може да биде и нематеријална. Мировните преговори меѓу Москва и Киев се проект на Германија и Франција и тоа на највисоко ниво. На состаноците кои се одржуваат по тој повод, САД не играат никаква улога. Штефен Халинг од Фондацијата за наука и политика во интервју за Дојче веле истакнува дека тие преговори „досега беа многу важни“. Тие, дополнува тој, „донесоа мал напредок“, но за тоа не е виновна Германија, ниту Франција, туку „клучот за решението е кај Русија, како и што Русија е одговорна за ескалација на конфликтот.“ 

И кога станува збор за санкциите на ЕУ против Русија поради анексијата на Крим, Германија игра клучна улога, вели Халинг. Во текот на годините имаше обиди на одделни држави од ЕУ да ги прекинат санкциите, но тие се и натаму во сила. Без Германија, веројатно немаше ни да го има тој консенсуз во ЕУ, смета Халинг.

Поинаку изгледа во поглед на проектот Северен ток 2 - гасоводот од Русија кој преку Балтичко Море води директно до Германија. За Украина тоа во извесна мерка противречи на германската политика на санкции кон Русија. Гасоводот е трн во око за Украина која стравува дека ќе загуби приходи од транзитот на гас преку својата територија. На страната на владата во Киев е и Трамп. Претседателот на САД смета дека Германија се доведува во позиција едноставно да биде зависна од Русија. 

 

DW.COM

Реклама