Изборниот колеџ потврди: Крај за Трамп, Бајден е нов претседател на САД | Свет | DW | 14.12.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Изборниот колеџ потврди: Крај за Трамп, Бајден е нов претседател на САД

Победникот на претседателските избори, демократот Џо Бајден вечерва доби и формална потврда за својот избор преку гласањето на ткн. Изборен колеџ во САД. Со тоа завршуваат сите напори на Трамп да ја оспори победата

Кампањата на Доналд Трамп да ги поништи резултатите од претседателските избори во САД денеска и формално заврши со неуспех. Сите американски сојузни држави ги потврдија резултатите од изборите преку ткн. Изборен колеџ, и покрај тоа што во неколку држави се соочуваа со голем притисок и закани по живот.

Клучно беше гласањето во Калифорнија од каде вечерва пристигнаа потребните 55 електорски гласови, со што Бајден го надмина прагот од 270 потребни гласови за и формално да му биде потврдена победата. Инаку, според резултатите од изборите на 3 ноември, Бајден освои 306 електорски гласови наспроти 232 за Трамп, но конечниот број сега е само формалност.

USA I Trump Supporter in Washington

Протести на приврзениците на Трамп во Вашингтон на 12 декември


Следниот чекор е преземањето на функцијата на 20 јануари следната година со положување заклетва.

Иако традиционално гласањето на Изборниот колеџ е само формалност, годинава тој имаше посебно значење поради обидите на Трамп да ги оспори резултатите од изборите.
Комплицираниот американски изборен систем датира од 1780 година, и според него, еден кандидат станува претседател преку Изборниот колеџ, а не со освојување мнозинство од дадените гласови.

Кампањата на Бајден најави дека претседателот денеска (15.12) ќе одржи говор од својот дом во Делавер, во кој ќе порача дека „демократијата надвладеала“.

„Доколку некој досега не знаеше, сега знаеме. Она што чука длабоко во срцата на американскиот народ е ова: Демократија. Правото да бидеш слушнат. Твојот глас да се брои. Да ги одбереш лидерите на оваа држава. Да владееш самиот“, ќе порача Бајден.

DW.COM

Реклама