Заев преку „бомба“ обвинет дека диктирал пресуди | Северна Македонија | DW | 23.02.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Заев преку „бомба“ обвинет дека диктирал пресуди

Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ го обвини поранешниот премиер Зоран Заев дека се мешал во судски одлуки. Заев демантира, СДСМ и поранешниот претседател на Врховниот суд си разменија навреди.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски тврди дека поседува аудио снимка која покажува дека поранешниот премиер Зоран Заев се мешал во одлуките на судската власт. Милошоски на прес-конференција во неделата (23.02.) презентираше снимка и транскрипт од наводен разговор меѓу Заев, и како што тврди, едно лице опфатено со случајот „Рекет“ и уште едно непознато лице кој се одвивал во владата во мај минатата година.

Заев експресно, преку интервју за локален интернет- портал, демантираше дека на снимките признава оти диктирал судски одлуки.

„Јас во објавените тонски снимки ја коментирам одлуката на Врховен суд за непостапување за предметите од СЈО после јуни 2017 година, состојба со која предметите паѓаа доколку не се изгласаше Законот за јавно обвинителство“, изјави Заев во интервју за Прес 24.

Во транскриптот кој го презентираше Милошоски Заев е цитиран како говори за улогата на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, за законот за СЈО и за различни правни аспекти на случаите кои тоа ги водело. Во еден момент, Заев наводно вели дека бил „близок со Јово“- поранешниот претседател на Врховниот суд Јово Вангеловски. 

„Себепромовирање на Заев“

Овој дел од објавата на Милошоски предизвика жестока полемика меѓу Вангеловски и СДСМ. Поранешниот претседател на Врховниот суд реагираше дека „монологот на Заев“ му наликувал на „негово себепромовирање во голем моќник, но и претставување како мој голем пријател“.

На тоа одговорија од СДСМ нарекувајќи го Вангеловски „Јово превара“, по што Вангеловски побара извинување или во спротивно се закани со тужба.

Милошоски и пред неколку недели од говорница во Собранието се обиде да објави ткн. бомба со која се имплицираше вмешаност на Заев во финансирањето на затворената „1ТВ“ телевизија на Бојан Јовановски.

Заев денеска тврди дека последниот објавен разговор веројатно е резултат на неовластено снимање за време на состанок со „претставници на партиите од власта и опозицијата од албанскиот блок на партии, кога се убедувавме и објаснувавме со групата од осум пратеници од ВМРО-ДПМНЕ зошто е важно да се донесе Законот за јавно обвинителство.“

 

Реклама