Жестока дебата во Германија за Авганистан | Вести | DW | 21.05.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Жестока дебата во Германија за Авганистан

Три дена по нападот врз германските војници во Авганистан, во Германија се засилува дебатата околу целокупната стратегија во оваа земја. Министерот за одбрана Франц Јозеф Јунг изјави дека не доаѓа в предвид повлекување на трупите чиј мандат треба да биде продолжен во октомври. Шефот на фракцијата на зелените, Рајнхард Бутикофер изјави дека акцентотв на мисијата треба да се стави на цивилната обнова. Левицата и пратеници на Социјалдемократите бараат повлекување на Бундесверот од Авганистан. Инаку доцна синоќа четворицата германски војници повредени при саботниот напад во авганистанскиот град Кундус се вратија во Германија. Тие се сместени во воената болница во градот Кобленц.