ЕУ одобри премин кон втора фаза на Брегзит | Свет | DW | 15.12.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

ЕУ одобри премин кон втора фаза на Брегзит

ЕУ официјално даде зелено светло за почетокот на следната фаза од преговорите за излез на Велика Британија од ЕУ. Разговорите сега можат да се концентрираат на идните односи меѓу Унијата и Британците.

ЕУ го одобри преминот кон следна фаза на преговорите за Брегзит, со цел есента 2018. година да се дојде до договор. Вората фаза меѓутоа ќе биде потешка од првата, изјави претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер. Тој пред една недела постигна компромис со британската премиерка Тереза Меј за најважните прашања околу разводот на Велика Британија од ЕУ,  во кои спаѓаат ирско-северноирската граница, правата на ЕУ-граѓаните во Велика Британија, како и финансиските обврски на Лондон по Брегзит во 2019. година. Меј направи значителни отстапки за да може да се стартува со втората фаза од преговорите. Велика Британија сака по секоја цена да премине на што поскоро разјаснување на прашањата поврзани со идното партнерство со ЕУ, додека Брисел притиска на кочницата: во следните недели ќе се преговара единствено за двегодишниот преоден период по Брегзит, а дури потоа за договорот за идните релации. Од Лондон се бара прво да претстави свој концепт на идните меѓусебни односи. Меј веќе најави дека  Британија ќе го напушти заедничкиот пазар на ЕУ и царинската унија на 29. март 2019. година,  но земјата стреми кон „длабоко и специјално партнерство“. Од гледиште на ЕУ, Велика Британија по заминувањето од Унијата не може да ги има истите поволности кои ѝ беа загарантирани додека беше членка. Под кои услови ќе се одвива на пример трговијата во иднина и ќе се соработува во областа на одбраната, останува отворено прашање. Меѓутоа, тое е клучно за економијата, стопанството и крајно и за милионите граѓани. Меј на домашен терен е под силен притисок и бара баланс меѓу хардлајнерите и оние кои се залагаат за „помек“ развод од ЕУ. Британската премиерка во Долниот дом доживеа фијаско - дел од пратениците од нејзината конзервативна партија гласаа на иста линија со опозицијата и се изборија за право да стават вето на договорот за Брегзит.  

 

DW.COM

Реклама