1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Македонскиот и бугарскиот премиер, Ковачевски и Петков: Колку се блиску до надминување на спорот?
Македонскиот и бугарскиот премиер, Ковачевски и Петков: Колку се блиску до надминување на спорот?Фотографија: Reg. Nordmazedonien

Дали 24-ти мај може да биде клучен ден за Софија и Скопје?

Катерина Блажевска
1 април 2022

Безедносните предизвици стануваат поклучни за деблокирање на ветото. Отворена е истрага во ДАНС, продолжуваат интензивни преговори, следат клучни недели.

https://p.dw.com/p/49K2x

Од резултатите во преговорите во следните недели, но и од притисокот на безбедносните предизвици, ќе зависи дали во Бугарија наскоро може да светне „зелено“ за евроинтеграцијата на Северна Македонија. За овие аспекти деновиве јавно говори бугарскиот премиер Петков, иако од реакциите е видливо дека по тоа прашање има поделба во владејачката коалиција, која дополнително се продлабочува и поради малата бројка на лица што се изјасниле како Бугари на ланскиот попис во РСМ. Но, дали под притисок на безбедносните ризици за Западен Балкан, решението меѓу Софија и Скопје ќе треба да се најде брзо, според одредени шекулации, до 24-ти мај?

Во тој контекст, фокусот на бугарските медиуми е насочен кон средбата на лидерите на партиите од бугарската владина коалиција што се одржа пред неколку дена во Софија, на која главна тема била интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ. Според медиумски наводи, средбата на Кирил Петков (ПП), Корнелија Нинова (БСП), Христо Иванов (ДБ) и Тошко Јорданов (ИТН) траела над 4 часа и била доста тешка. Официјални изјави немаше, а неофицијалните го потврдија разногласието по ова прашање.

„’Македонија е нашата црвена линија’, беше категоричен клучен фактор од ИТН. За БСП, компромисот за Скопје е исто толку дебела линија како и оружјето за Киев, додаваат социјалистите“, објави весникот „24 часа“ изјави на неименувани извори од двете партии.

Повеќе: Бучковски: Клучни ќе бидат следните неколку неделиП

Според познавачите на ова прашање, како што наведува весникот, проблемот бил во тоа што премиерот Петковлично се обврзал до крајот на јуни да се укине ветото за почеток на преговорите на РСМ. Дури се тврдело и дека Петков имал план тоа да го објави на заедничкото чествување на 24-ти мај со македонската страна - како симболичен ден на кој ќе се демонстрира напуштањето на децениските историски спорови. Се тврди и дека Петков тоа го споделил со претседателот Румен Радев, но и дека од тимот на Радев никогаш досега не го виделе шефот на државата толку лут. 

Премиерот на Бугарија, Петков и претседателот на државата Радев
Премиерот на Бугарија, Петков и претседателот на државата РадевФотографија: Valentina Petrova/AP/picture alliance

Нова сопка

Потврда или демант на ваквите шпекулации нема. Но, во време кога се интензирани разговорите меѓу двете земји, како нов камен на сопнување се доживува бројката на попишани Бугари во РСМ, за што следеа бројни реакции во бугарската јаност, а со „изјава“ се огласи и бугарското МНР.

„Република Бугарија во повеќе наврати истакна дека прашање од првостепено значење е да се создадат услови за слободно самоидентификување на граѓаните со бугарска самосвест во Република Северна Македонија и гарантирање на нивните права. Во таа насока, со големо изненадување ги прифаќаме објавените податоци за бројот на граѓани кои се декларирале како Бугари на пописот во земјата. Забележуваме дека има драстична разминување помеѓу овие податоци и податоците за бројот од над 100.000 граѓани на Северна Македонија кои лично поднеле документи докажувајќи бугарско потекло и самосвест за добивање на бугарско државјанство“, се наведува во изјавата на бугарското МНР.

Премиерот Петков вчера од Благоевград порача дека единствен начин да има попис кој ќе ги опфати сите што се изјаснуваат како Бугари во РСМ, е кога ќе има промени во македонскиот Устав, со кои ќе се гарантираат правата на Бугарите.

„Ќе видиме за време на овие заеднички преговори во која точно фаза - дали пред првиот кластер, дали сега, да се внесат тие колективни права на Бугарите, и тогаш пописот би бил полесен. Додека тоа не се случи, овие работи се тешки. При следниот попис треба да има посебна опција каде човек може да напише дека е Бугарин “, изјави Петков.

Бугарските власти изненадени од тоа колку малку луѓе на македонскиот попис се изјасниле како Бугари
Бугарските власти изненадени од тоа колку малку луѓе на македонскиот попис се изјасниле како БугариФотографија: Petr Stojanovski/DW

Но, потенцира дека сега е важно „да не се фрлаат камења од едната и од другата страна, туку да се работи заедно“.

Бугарскиот претседател Румен Радев на вчерашната средба со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархеји, истакнал дека Бугарија очекува многобројните ветувања на Северна  Македонија да почнат да се претвораат во резултати. Пред Бугарија да даде согласност за почнување на преговри на РСМ со ЕУ, според Радев, Софија прво очекува дијалогот да доведе до конкретни чекори во однос на обезбедување уставни гаранции за почитување на правата на македонските Бугари, крај на јазикот на омраза кон Бугарија и Бугарите, и зачувување на бугарското културно и историско наследство на територијата на РСМ.

Со слична изјава се огласи и лидерот на ГЕРБ.

„Бугарија ќе го поддржи почетокот на преговорите за членство во ЕУ на Северна Македонија, само откако категорично ќе се гарантираат правата на граѓаните со бугарски идентитет и бугарскиот национален интерес", изјавил Бојко Борисов на средбата со Вархеји.

Тој потенцирал дека го запознал Вархеји со заедничкиот став што сите парламентарни партии го усвоиле заедно на Консултативниот совет за национална безбедност (КСНС) кај претседателот Радев, во јануари годинава.

Приведени контраразузнавачи

Но, без сомнение, големо влијание врз развојот на состојбите ќе имаат и безбедносните аспекти.

„Западен Балкан може да биде втората точка на конфликт по Украина“ - ваквата аргументација на бугарскиот премиер Кирил Петков за потребата од брза европска интеграција на Северна Македонија, вчера беше поткрепена и со изјава дека во Бугарија е формирана прилично голема руска дијаспора на агенти, и дека има руски агенти што работеле против разбирањето меѓу Бугарија и РСМ.

„Всушност, интересот на Русија е насочен кон тоа да нема европска иднина за Западен Балкан“, изјави вчера Петков во Благоевград.

Бугарскиот премиер Петков на почетокот на неделава во Софија ги пречека сцоите колеги од земјите од регионот, кои се членки на НАТО
Бугарскиот премиер Петков на почетокот на неделава во Софија ги пречека сцоите колеги од земјите од регионот, кои се членки на НАТОФотографија: Reg. Nordmazedonien

Веќе истиот ден двајца високи службеници на Дражвната агенција за национална безбедност (ДАНС) биле задржани во рамките на истрагата на специјалното обвинителство во акцијата за откривање на лица кои се ставиле во служба на странска земја - конкретно на Русија. Два часа по почетокот на акцијата бугарскиот претседател Румен Радев искажа доверба во отпорноста на контраразузнавачката агенција.

„ДАНС има здрав имунолошки систем и мислам дека тие активно работат за да не пропуштат таму никаков пробив во однос на шпионска дејност“, изјави Радев.

Според извори од истрагата, целта на шпионската мрежа била да ги неутрализира контраразузнавачките активности. Медиуми го посочуваат фактот дека откривањето на првиот бран руски шпиони во Бугарија било направено токму од вработени во ДАНС во партнерство со странски служби, бидејќи се сметало дека воено разузнавање е веќе пробиено. Имено, претходно обвинетите за шпионажа во корист на Русија биле вработени во Министерството за одбрана. Пред еден месец беше приведен и резервниот генерал Валентин Цанков, кој исто така е обвинет за шпионажа и сега е во домашен притвор.

Ова е прв случај на приведување на вработени во службата која се занимава со контраразузнавачки активности. Интересите на руската ГРУ главно се однесувале на борбената опрема на бугарските вооружени сили и на сојузничките одбранбени активности.

 

 

Прескокни го блокот Поврзани теми
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Süd-Balkan-Reise Minderheiten in Nord-Mazedonien

Претседателот на клубот во Битола: Бараме заштита од ЕУ

Прескокни го блокот Повеќе теми
Врати се на почетната страница