Вархеји: Неколку недели ги делат Скопје и Тирана од преговорите | Свет | DW | 27.02.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Вархеји: Неколку недели ги делат Скопје и Тирана од преговорите

Северна Македонија и Албанија можат да ги отворат преговорите со ЕУ за неколку недели, изјави комесарот за проширување Оливер Вархеји. Најавува дека двете земји ќе добијат позитивен извештај од ЕК.

Добриот напредок во подготовките ги става Северна Македонија и Албанија во позиција за неколку недели да можат да ги започнат преговорите за членство со ЕУ, вели комесарот за проширување Оливер Вархеји. Тој најави дека извештајот на Европската комисија за двете земји кој ќе биде објавен следната недела е охрабрувачки.
„Постои сериозен напредок во двете земји. Многу сум охрабрен од фактот дека овие две земји одлучија да ги забрзаат реформите наместо да ги сопрат по многу негативната порака која ја примија во октомври“, изјави Унгарецот по состанокот на Вишеградската група со земјите од Западниот Балкан во Прага.

„Се надевам дека со извештајот ќе ги убедиме земјите-членки дека тие се подготвени и дека ние ќе бидеме подготвени да ги отвориме преговорите“, рече Вархеји, додавајќи дека се надева „да започнат преговорите со Северна Македонија и Албанија во следните недели“.

На почетокот на месецов Европската комисија предложи реформи на преговарачкиот процес на линија со француските предлози за измени во методологијата.

 

DW.COM