Берлин и Париз се за санкции против Русија | Свет | DW | 08.10.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Берлин и Париз се за санкции против Русија

По повеќекратната потврда дека критичарот на Кремљ, Алексеј Навални, бил затруен, Германија и Франција бараат казнување на одговорните. Руското раководство зборува за уцена.

Deutschland Frankreich Bildkombo der beiden Außenminister Heiko Maas und Jean-Yves Le Drian

Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас (л.) и неговиот француски колега Жан-Ив Ле Дриан

Франција и Германија заеднички бараат санкции на ЕУ против руски државјани кои се обвинети за вмешаност во труењето на критичарот на Кремљ,Алексеј Навални. Тоа произлегува од документ на министрите за надворешни работи на двете земји, Жан-Ив Ле Дриан и Хајко Мас. Во документот се вели дека „нема друго веројатно објаснување за труењето на господинот Навални освен руско учество и одговорност“. Обидот за убиство се случил на руска територија, се вели. Франција и Германија од ваквите факти ќе извлечат заклучоци и на своите европски партнери ќе им дадат предлози за дополнителни казнени мерки, нагласуваат министрите. Се додава и дека раководството во Москва досега со ништо не придонесло за разјаснување на инцидентот. 

Британскиот министер за надворешни работи Доминик Раб искажа солидарност со намерите на двајцата европски колеги и нагласи дека Велика Британија е на страната на Франција и Германија. „Фактите не може да се негираат.“

Навални колабираше во текот на лет во Русија на 20 август годинава. Авионот принудно слета во сибирскиот град Омск, по што тој беше пренесен во локалната болница. Два дена подоцна, по извршениот притисок од семејството и неговите поддржувачи, тој беше префрлен на лекување во берлинската болница Шарите. Организацијата за забрана на хемиско оружје во вторникот го потврди наодот на повеќе лаборатории за труење со новичок. Навални го обвинува рускиот претседател Путин дека стои зад нападот. Тој побара поддршка од Обединетите нации.

Alexej Nawalny mit Frau und Sohn in Berlin

Алексеј Навални (на фотографијата со сопругата и синот) е во Берлин на рехабилитација

Портпаролка на руското Министерство за надворешни работи ги отфрла обвинувањата од министрите Ле Дриан и Мас како неприфатливи. Германија и Франција, вели таа, категорично немаат волја „да ги земат предвид фактите“. Таа ги обвини владите на двете земји за „закани и обиди за уцена“.