1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Annalena Baerbock im DW-Interview
Фотографија: DW

Бербок: „Ова е само уште една нова пропаганда од Русија“

Даниел Пелц | Ричард Вокер
21 јули 2022

Русија се заканува, шефицата на германската дипломатија возвраќа. Аналена Бербок не е „потресена“ од новите воинствени тонови од Москва и во интервју за ДВ ветува натамошна помош од Германија за Украина.

https://www.dw.com/mk/%D0%B1%D0%B5%D1%80%D0%B1%D0%BE%D0%BA-%D1%80%D1%83%D1%81%D0%BA%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%B7%D0%B0%D0%BA%D0%B0%D0%BD%D0%B8-%D0%B7%D0%B0-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D1%88%D0%B8%D1%80%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5-%D0%BD%D0%B0-%D0%BE%D1%84%D0%B0%D0%BD%D0%B7%D0%B8%D0%B2%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%B2%D0%BE-%D1%83%D0%BA%D1%80%D0%B0%D0%B8%D0%BD%D0%B0-%D1%81%D0%B5-%D1%81%D0%B0%D0%BC%D0%BE-%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B0-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%BF%D0%B0%D0%B3%D0%B0%D0%BD%D0%B4%D0%B0/a-62547781

Германската министерка за надворешни работи, Аналена Бербок реагира остро на новите најави од Русија дека ќе напаѓа и други области во Украина.

„Русија секогаш користи поинаков аргумент. Овојпат вели дека тоа е поради воената помош. Но, тие и претходно го напаѓаа Киев и други делови на Украина. Значи, се работи само за нова пропаганда од руска страна“, вели германската министерка за надворешни работи во ексклузивно интервју за ДВ. 

Германската поддршка за Украина 

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров претходно за руските медиуми изјави дека руската воена операција во иднина ќе се прошири и во западна Украина. Ќе се напаѓаат цели многу подалеку од сегашната граница на фронтот доколку Западот продолжи да ја „пумпа“ Украина со оружје, предупреди Лавров. Тој ја отфрли можноста за мировни преговори во блиска иднина.

Наспроти ова, германската министерка за надворешни работи Бербок пак ветува натамошна помош од Германија.

'We have to make clear that nobody can blackmail us'

„Разгледуваме различни можности за поддршка. Она што можеме да го направиме е да даваме поддршка и во истраги и во деминирање на градови. Даваме поддршка за медицинската помош и за бегалците. И да, ако има работи каде што можеме повеќе да направиме, вклучително и во форма на директна финансиска помош, за што дискутираме во моментов, тогаш ќе ја разгледаме и таа опција“, рече таа. 

Бербок во моментов е на десетдневна „летна турнеја“ низ Германија, под хаштагот #SicherLeben (Безбеден живот). Таа сака да разговара со граѓаните за планираната национална безбедносна стратегија, која започна да ја развива во март годинава. 

Нова политика кон Кина 

Во овој контекст германската влада сака да ја редефинира и својата политика кон Кина. Целта е да се преиспита економската зависност во одредени области, вели Бербок за Дојче Веле, како на пример во однос на темата електромобилност.

'Nobody can blackmail us'

„Ако навистина се потпираме на електричните автомобили за да ги оствариме зацртаните климатски цели, тогаш секако ни се потребни батерии. Ние овде немаме производство на батерии за нашите електромобили. Сега се гради еден капацитет, но за сите материјали кои се содржани во батериите имаме зависност од 98%, а од тоа се погодени сите автомобили во Европа“, вели Бербок.

Затоа, Германија тесно ќе се координира со европските партнери и Европската Комисија. Комисијата јасно посочи дека Кина е конкурент за одредени економски прашања, а партнер во борбата против климатските промени, но и системски ривал.

„Бидејќи е и системски ривал, мораме јасно да ставиме до знаење дека никој не може да нѐ уценува, како во случајот со зависноста од Русија,“ вели шефицата на германската дипломатија. Тоа се основите за стратегијата на германската влада за Кина.

DW-Interview mit Bundesaußenministerin Baerbock
Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок во разговор со новинарот на ДВ, Ричард ВокерФотографија: Zura Karaulashvili/DW

„Работиме заедно онаму каде што можеме да работиме заедно, но ние имаме и европска стратегија за независност во делот на критичната инфраструктура, која одговара на нашата надворешна политика“, нагласи Бербок во интервју за ДВ.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Македонија знаме

Македонскиот руски круг

Mazedonien Ljupco Popovski
Љупчо Поповски
Прескокни го блокот Повеќе теми
Врати се на почетната страница