1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Ukraine Kiew Präsident Volodymyr Zelensky Ansprache
Фотографија: REUTERS
Конфликти

Апел на Зеленски до Украинците: Мораме да се бориме!

ЖА / агенции
6 март 2022

Украинскиот претседател Володомир Зеленски ги повика своите сонародници на борба и отпор заради прогонување на руските трупи од земјата.

https://p.dw.com/p/4851P

„Мораме да излеземе надвор, мораме да се бориме! Секаде и секогаш кога за тоа има можност“, изјави Зеленски во видео порака синоќа. Тој го посочи примерот на Украинците од  Херсон,  Бердјанск или Мелитопол, за протерување на непријателот.

Од градовите кои ги спомена Зеленски во изминатите денови стигнаа извештаи според кои невооружени луѓе застанале на патот на руските единици. Ваквите примери покажуваат, истакна Зеленски, дека окупацијата може да биде само привремена.

На руски јазик тој им се обрати на граѓаните од самопргласените „Народни републики“ Доњецк и Луганск во источниот дел од земјата: „Ако мозокот не ви е испран од пропагандата, ако очите не висе затворени од страв, борете се за своите права и слободата на Украина“.  

81-годишниот учител Пјотр во одбрана на Украина

Со оглед на драстично ескалираната ситуација во земјата, Зеленски повторно телефонски разговарал со американскиот претседател Џо Бајден околу безбедносни прашања, финансиска поддршка за Украина и продолжување на санкциите против  Русија.  Бајден во 30-минутниот разговор ги истакнал следните чекори кои ги преземаат САД и нивните сојузници „за зголемување на цената која треба да ја плати Русија за својата агресија“.

Кулеба бара натамошно вооружување на Украина

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба го замолил својот американски колега Ентони Блинкен за натамошна воена поддршка. На Украина итно ѝ се потребни борбени авиони и системи за противавионска одбрана, истакнал тој на средбата со Блинкен на полско-украинската граница.

Тој истовремено го критикувал  НАТО за одбивањето да воведе зони на забранети летови над Украина. НАТО го одби украинското барање со аргументација – таков чекор би значел директен конфликт на Алијансата со Русија и би предизвикал натамошна ескалација на војната. Независно од тоа, Блинкен ветил уште позасилена поддршка за Украина.

Расте бројноста на цивилните баталјони

Според наводи од Киев, од почетокот на војната кон украинската територијална одбрана се приклучиле преку 100.000 луѓе. Баталјните на доброволците нема да бидат распуштени по војната, туку интегрирани во одбранбените структури на земјата, изјави заменичката на украинскиот министер за одбрана, Хана Маљар. Независна потвда за бројките не постои.

 

Прескокни го блокот Поврзани теми
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Министерство за правда на Република Северна Македонија

За што служат законите?

Прескокни го блокот Повеќе теми
Врати се на почетната страница