1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Тројца загинати полицајци и 20 повредени

Катерина Блажевска9 мај 2015

Додека властите не го соопштуваат билансот на повредени од престрелката во куманово, амбасадата на САД во Скопје изрази сочувство до семејствата на загинатите.

https://p.dw.com/p/1FNJr
Фотографија: picture-alliance/dpa/N. Batev

Додека властите не го соопштуваат билансот на повредени од престрелката во куманово, амбасадата на САД во Скопје изрази сочувство до семејствата на загинатите.
„Длабоко жалиме за загубите на човечки животи во врска со акциите во и околу Куманово и го изразуваме нашето сочувство кон семејствата на загинатите полицајци и граѓани, како и кон оние кои се повредени. Ја следиме состојбата и сме во постојан контакт со властите и со политичките лидери. Ги повикуваме граѓаните да останат смирени и да дозволат утврдување на фактите“, соопшти амбасадата на САД во Скопје.
Денеска се огласи и Делегацијата на ЕУ во Скопје.
„Внимателно ги следиме извештаите за полициската операција што е во тек во Куманово, во која има размена на оган. Остануваме во постојан контакт со властите и со политичките партии. Силно апелираме до граѓаните и до политичките фактори да останат смирени и да ги почекаат фактите кои треба да бидат соопштени од релевантните институции. Се надеваме дека ескалацијата на тензиите може да биде избегната“, соопшти делегацијата на ЕУ, по престрелките во Куманово меѓу безбедносните сили и припадниците на непозната вооружена терористичка група.

Престрелките во Куманово се уште траат, но со намален интензитет, а полицијата врши претреси во кризниот реон.
Според неофицијални информации има над 20 повредени полицајци во вооружените престрелки во Куманово, а неофицијално тројца загинати. Од 8 часот изутрина, скопските клиники се под полициско обезбедување, мобилизиран е целиот медицински и докторски персонал. Ангажирани се лекари и од други здравствени установи со цел да им пружат медицинска помош на повредените кои се хоспитализираат во Ургентниот центар во Скопје, каде постојано пристигнуваат и хеликоптери и возила на брза помош. Министерот за здравство Никола Тодоров ги посети повредените полицајци.Министерот за здравство Никола Тодоров ги посети повредените полицајци.
По апелот на ДУИ до граѓаните за смиреност и неподлегнување на насилство и провокации, со свој став се огласи и Демократската партија на Албанците. Партијата соопшти дека внимателно ги следи новите случувања на ситуацијата во Куманово и апелира до граѓаните да останат смирени. ДПА бара од МВР и од другите владини институции со нивните постапки да не ги загрозат животите и имотите на граѓаните, а Албанците да не станат дел од сценарија на разни поединци и групи со цели и агенди кои не се совпаѓаат со методите со кои Албанците сакаат да ги решат нивните проблеми. ДПА го повика и меѓународниот фактор итно да интервенира во оваа ситуација, со цел да се спречи понатамошна ескалација на ситуацијата.