Актуелизирано: Најмалку 10 загинати во експлозија во Санкт Петербург | Свет | DW | 03.04.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Актуелизирано: Најмалку 10 загинати во експлозија во Санкт Петербург

Руските медиуми јавуваат за десет жртви во експлозијата која се случила во метро во вториот по големина град во земјата, Санкт Петербург

16:53- Руските власти се уште немаат дефинитивна оценка дали експлозијата во Санкт Петербург е резултат на терористички напад. 
Потврдено е дека е пронајдена уште една, неексплодирана експлозивна направа на друга метро станица во градот. Таа бомба била неутрализирана од полициските сили. 
Најмалку 10 луѓе загинаа во експлозијата, а 47 се повредени. 

15:12-Неименуван извор за агенцијата Интерфакс вели дека една од експлозиите била предизвикана од бомба полна со шрапнели. 

Властите ги затворија сите метро станици во градот. 

15:05- Први фотографии од експлозијата во метрото во Санкт Петербург. 

14:58- Иако засега нема потврда дека експлозијата е терористички напад, медиумите потсетуваат на двата последни напади во Волгоград и московскиот аеродром Домодедово, во 2013 и 2011 година. 

14:50- Според информации на агенцијата Интерфакс, во експлозијата во Санкт Петербург има најмалку 50 повредени. 

14:30- Според досегашните информации, неидентификуван објект експлодирал во еден од возовите на подземната железница во рускиот град Санкт Петербург. Државните медиуми јавуваат за 10 загинати и повеќе повредени.

„Во тек е евакуација на станиците, луѓе се повредени“, се наведува во соопштението на градскиот превоз на Санкт Петербург. „Неидентификуван објект веројатно експлодирал во еден од вагоните“.

Според непотврдени информации, експлозии се случиле паралелно во два вагони. Се претпоставува дека се работи за бомби.

Рускиот антитерористички комитет во меѓувреме потврди дека најмалку 10 луѓе загинале во инцидентот.
Рускиот претседател Владимир Путин предмалку изјави дека сѐ уште е нејасно што го предизвикало инцидентот. 

 

DW.COM

Реклама