1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Умаров го наредил нападот во Домодедово

8 февруари 2011

Водачот на чеченските бунтовници Доку Умаров ја презеде одговорноста за бомбашкиот напад на московскиот аеродром, при кој загинаа 37 лица. Во видео порака тој најавува нови напади.

https://p.dw.com/p/10CjC
Доку УмаровФотографија: AP

На интернет страницата кавказцентер.ком вчеравечер и‘ била испратена видео снимка, на која водачот на чеченските бунтовници Доку Умаров вели дека тој го наредил нападот на аеродромот Домодедово минатиот месец. „Оваа специјална операција се одвиваше по моја наредба“, вели Умаров во видеото, кое според неговото искажување било снимено на 24 јануари, денот на нападот. Делото го сторил во име на Алах со цел да се формира слободна исламска држава во Северен Кавказ. Нападот бил одговор на „злоделата на Русија во Кавказот“. Руските истражни органи имено веднаш по нападот го осомничија Умаров. Атенататор самоубиец на 24 јануари активираше експлозив во аеродромската хала на московскиот аеродром Домодедово, во кој загинаа 37 луѓе, а 180 беа повредени.

Domodedowo Moskau Flughafen Anschlag
Спасувачки екипи на аеродромот Домодедово во близината на МоскваФотографија: AP

Умаров, самонаречениот „Емир на кавкаскиот Емират“ досега ја има преземено одговорноста за повеќе напади, меѓу другите и оној во московското метро на крајот на март минататa година, како и нападот врз брзиот воз во ноември 2009 година. По крвопролевањето во Москва, САД го ставија Умаров на нивната терористичка листа. Постојат сомневања дека Умаров е во контакт со Ал Каеда.

По првата Чеченска војна од 1994 до 1996 тамошното бунтовничко движење значително се исламизираше и се прошири во другите кавкаски републики. Во меѓувреме на целиот северен Кавказ постои активно вооружено бунтовничко движење. Таму речиси секојдневно се извршуваат напади врз руските сили за безбедност.

Автор: АТ/ ЖА/ афп/ап/ дпа/ дв

Редактор: Горан Чутаноски