Црвенковски и Груевски на средба во кабинетот на претседателот
20 септември 2007Реклама
Претседателот на Македонија Бранко Црвенковски и премиерот Никола Груевски денеска треба да оддржат средба во кабинетот на шефот на државата. Црвенковски и Груевски треба да разговараат за реформите во судството и докомплетирање на Судскиот совет. Не е исклучено на средбата да стане збор и за испразнетите амбасадорски места.
За денеска попладне е закажана средба и на претседателите на најголемите парламентрни партии во обид да се договорат за реформите во судството.