Турција-критики за ЕУ
23 март 2007Реклама
Раководителот на турскиот генерален секретаријат за ЕУ ,Огуз Демиралп критикуваше што земјите кандидати за членство не се поканети на јубилејната прослава на Унијата в недела во Берлин.За Дојче Веле изјави дека со тоа се создава впечаток дека постои страв пред иднината.Идниот успех на ЕУ зависи меѓутоа исто толку од нејзиното проширување како и од нејзината улога во глобализираниот свет,смета тој.Унијата освен со Турција во моментов преговара за членство и со Македонија и со Хрватска.