1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Трамп: „Иднината ќе покаже, кој ќе владее“

СН/агенции
14 ноември 2020

Претседателот на САД во првото обраќање по 7 ноември, кога медиумите го прогласија Бајден за изборен победник главно се осврна на неомилената тема- коронавирусот. Трамп изборите ги спомена само во една споредна реченица.

https://p.dw.com/p/3lHuj
Washington | Präsident Trump Statement Operation Warp Speed
Фотографија: Mandel Ngan/AFP/Getty Images

Американскиот претседател, Доналд Трамп, вчера изјави дека одбива да воведе нова забрана за движење поради порастот на бројката на новозаразени со коронавирусот, но навести дека до тоа би можело да дојде ако судските процеси кои ги започна ќе ја потврдат победата на неговиот ривал Џозеф Бајден на претседателските избори.

Трамп, кој првпат и се обрати на јавноста откако медиумите на 7 ноември за победник на изборите го прогласија Бајден, го повтори добро познатиот став дека владините рестриктивни мерки предизвикуваат повеќе проблеми отколку што решаваат.

Тој рече оти одлуката за забрана за движење може нема тој да ја донесе, со што навести дека можеби би го признал поразот на изборите.„Оваа администрација нема да воведе забрана за движење. Што и да се случи во иднина, кој знае, која администрација ќе биде, веројатно времето ќе покаже, но можам да ви кажам дека оваа администрација нема да донесе забрана за движење“, наведе американскиот претседател.

Повеќе:

-Трамп забрани инвестиции за Кина, Пекинг му честиташе на Бајден

-Зошто Путин не му честита на Бајден?

-Што ќе биде со Доналд Трамп?

Бајден најави бројни мерки во борба против коронавирусот, но не кажа дали ќе наредизабрана за движење.

Трамп од изборната ноќ ги обвинува демократите за кражба на изборите, но за тоа не наведува ниту еден доказ. Тој се обидува да ги оспори резултатите пред судовите во сојузните држави, а најави дека во процесот ќе го вклучи и Врховниот суд на САД ако тоа биде потребно.

Трамп го пофали развојот на ситуацијата околу вакцината против коронавирусот и изјави дека вакцината „за неколку недели“ ќе биде достапна за ранливата популација, иако од Управата за храна и лекови сѐ уште не е побарано да ги усвојат неопходните одобрувања.