Совет за безбедност за Израел
28 јули 2006Членките на советот за безбедност изјавија дека Израел мора во целост да се придржува кон меѓународните правила и да увери дека персоналот на ОН не е цел на напади. Советот за безбедност го повика Израел на целосна истрага чии резултати би биле јавно објавени.
Кинескиот амбасадор во светската организација Ванг Гуангја, чиј државјанин е еден од настраданите во нападот врз базата на ОН во Либан по седницата изјави:
„Мислам дека испративме јасна порака до земјите и различните региони дека позициите на Обединетите Нации и нивниот персонал мора да бидат заштитени„
Израелскиот амбасадор во ОН Ден Гилерман усвоената изјава ја оцени како „фер и урамнотежена„ Тој повторно го критикуваше генералниот секретар Кофи Анан заради неговите изјави дека Израел намерно го извршил нападот. Во војни се случуваат грешки и трагедии, вели Гилерман:
„ Војната е грда работа. Во нив постојано се случуваат грешки и трагедии„ рече Гилерман и додаде:
„Во оваа многу деликатна ситуација е потребна многу поголема професионалност, посветеност и добро опремени сили со јасно определен мандат„