1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

САД ќе ги вооружува сојузниците на Блиски исток

29 јули 2007

*

https://p.dw.com/p/BNFq

Поради растечкото влијание на Иран на Блискиот исток американската влада планира испораки на оружје на сојузничките држави во регионот во вредност од повеќе милијарди долари. Американската влада ги потврди медиусмките извештаи според кои Израел и Египет во наредните десет години треба да добијат воена помош во вредност од 30, односно 13 милијарди долари. Поркрај овие две земји, воена помош ќе биде испратена и во Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Кувајт, Катар, Бахреин и Оман.