САД отворено се залагаат за распарчување на Србија-обвинува Коштуница
16 октомври 2007Реклама
Српскиот премиер Воислав Коштуница денеска ги обвини САД дека се обидуваат да ги спречат косовските Албанци да прифатат компромис за статусот на Косово . Коштуница во соопштение до медиумите денеска оценува дека САД водат груба политика на сила и отворено се залагаат за распарчување на Србија .
Според Коштуница неговата земја никогаш нема да признае создавање на дива творба на својата територија , на која конечен орган на власта би бил НАТО.