САД одмрзнаа шест милиони долари помош за Србија
4 јули 2007Реклама
САД одмрзнаа околу шест милиони долари помош за Србија. Американската министерка за надворешни, Кондолиза Рајс изјави дека ваквата одлука е поради подобрената соработка на властите во Белград со Хашкиот трибунал. Овие средства се доделуваат во согласност со американскиот Законот за помош за странство, и станува збор за преостанатите шест милиони од вкупно 70, за 2006-2007 година чија исплата беше стопирана на 31 мај минатата година.