Рајс посакува мировен договор за Блискиот Исток до 2009
22 ноември 2007Реклама
Американската државна секретарка Кондолиза Рајс изјави дека САД ќе се обидат да се постигне мировен договор меѓу Израел и Палестинците пред истекот на мандатот на претседателот Џорџ Буш во 2009 година. Таа нагласи дека двете страни се обврзале дека ќе работат на ваков договор со кој би се предвидувало креирање на палестинска држава. Израелскиот претседател Первез Мушараф изрази скептичност. Тој нагласи дека никој не треба да има илузии дека Блискоисточна мировна конференција во вторник во САД ќе даде резултат. Сепак средбата тој ја означи како нов почеток во мировните преговори. Министрите за надворешни работи на Арапските земји денеска во Каиро треба да одлучат дали ќе присуствуваат на конференцијата.