Ратификувани договорите за олеснување на визниот режим со ЕУ
21 ноември 2007Реклама
Македонското собрание, со висок степен на консензус и без расправа ги ратификува договорите меѓу Македонија и ЕУ за олеснување на визниот режим. Со олеснета процедура за добивање визи ќе бидат опфатени повеќе категории на граѓани, меѓу кои ученици, студенти, новинари, научни работници, бизнисмени и возачи во меѓународен превоз. Дел од спогодбите не се однесуваат на Велика Британија, Данска и Ирска бидејќи тие не се во Шенген зоната. Новиот режим треба да се применува од почетокот на следната година.