Прв контакт меѓу ЕУ и новата палестинска влада
21 март 2007Реклама
Остварен е првиот контакт меѓу претставник на ЕУ и на новата палестинска влада.
Пратеникот на ЕУ за Блискиот Исток , Марк Оте во палестинскиот град Газа синоќа разговарал со палестинскиот министер за надворешни работи Абу Амр . Тој е независен член во новиот палестински владин кабинет составен пред се од членови на радикално исламистичката организација Хамас и движењето Фатах на палестинскиот претседател Махмуд Абас .
ЕУ меѓутоа одби да ги укине санкциите воведени за палестинската влада , се додека таа не го признае Израел, не се откаже од насилството и не ги почитува мировните договори .