1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пофалби за Шарон и Абас од целиот свет

9 февруари 2005

Прогласувањето двостран прекин на огнот од страна на Израел и на Палестинците во целиот свет наиде на одобрување и разбуди надежи за мирно решение на крвопролевањето кое трае со години.Додека светските реакции се неподелено позитивни,во Израел и меѓу Палестинците сепак владее поделено мислење.

https://p.dw.com/p/AcHT
Шарон и Абас направија храбар потег
Шарон и Абас направија храбар потегФотографија: AP

Американската министерка за надворешни работи Кондолиза Рајс изрази надеж во мир на Блискиот исток,Истовремено таа ги предупреди Палестинците да работат силно на спречување на нови насилства.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Адам Ерели пак очекува од палестинскиот претседател Махмуд Абас исполнување на прекинот на огнот и уништување на терористичката инфраструктура во автономните палестински области во согласност со барањата на САД и на Израел.

Но,Ерели настапи и со доза на реализам :прекинот на огнот може и да биде нарушен,свесни сме за тоа.

Германскиот сојузен канцелар Герхард Шредер најновиот договор го смета за важен чекор во правец на враќање кон мировниот план на меѓународната заедница за Блискиот исток.Министерот за надворешни работи Јошка Фишер укажува дека сега е момент за полна поддршка на палестинското и израелското раководство во спроведувањето на нивната храбра политика.

И неговиот британски колега Џек Строу вети поддршка од својата земја,предупредувајќи сепак од преголема еуфорија.На Блискиот исток досега имало многу лажни изгрејсонца,изјави Строу во Лондон.

Генералниот секретар на ОН Кофи Анан е оптимист дека прекинот на огнот ќе води чекор натаму кон мировниот процес.Тој ја пофали активната улога на египетскиот претседател Хосни Мубарак и на јорданскиот крал Абдула втори во самитот во Шарм ел Шејк.

Комасарот на ЕУ за надворешна политика Бенита Фереро Валднер во вчерашната средба меѓу Абас и Шарон гледа порака на надеж за приближување кон решението за постоење две држави.

Европската Комисија е подготвена да помогне со 250 милиони евра на патот кон мирот на Блискиот исток.

Додека светските политичари едногласно го поздравуваат прекинот на огнот,меѓу Израелците и Палестинците владее поделено расположение:

"Никој не може на децата да им го врати таткото,кој им бил одземен.Никој на жената не може да и го врати мажот,да ги врати убавите години.Но,полна сум со надеж дека другите луѓе повеќе нема да мора да плаќаат иста цена и дека мировните разговори ќе водат кон вистински мир,"вели Израелката Това Бахат, чиј маж загинал во самоубиствен палестински напад.

Некои Израелци меѓутоа се чувствуваат изиграни:

"Кога Шарон и Мубарак шетаа заедно,имав чувство на страшно предавство.Искрено речено,така се чувствѕвам со месеци.Шарон стана голем со помош на доселениците,безброј пати не посети овде,но денес веќе не не гледа.Не сака да го слушне она што го бараме,референдум,"вели Шоси Слутцки,израелски доселеник во појасот на Газа ,еден од оние кои се против растурањето на доселеничките населби.

И на палестинска страна има и согласност со прекинот на огнот,но и отпори и песимизам :

"Интифадата не е завршена.Постојат знаци кои велат дека Израел не сака вистински прекин на востанието и прекин на огнот,"вели Абу Махмад,водач на Ал Акса бригадите во северниот дел на појасот на Газа.

Неговите луѓе тренираат и натаму:

"Ако биде нужно,и натаму ќе има напади,ако израелската страна нападне,нападите ќе продолжат.Кој може да го спречи тоа?Неможно е тоа да запре со договор или со наредба.Нашите напади се реакција на израелските убиства и провокации врз палестинскиот народ,"додава Махмад.

Значи,Махмуд Абас и Ариел Шарон имаат многу работа пред себе,пред се со скептиците во сопствените редови.