Подготовки за локалните и претседателските избори
29 декември 2008Реклама
Претстојните избори во Македонија ќе бидат нов тест за демократските капацитети на државата под будното око на Европската комисија. Поради забелешките за последните одржани избори, парламентарните, Македонија доби критики од Брисел и изгуби значаен дел од бонусот како аспирант за членство во ЕУ.
По православниот Божик ќе биде познат датумот кога истовремено ќе бидат одржани локалните и претседателските избори.
На партиската сцена во земјата веќе има предизборна раздвиженост. Политичките партии размислуваат за нови коалиции и за избор на кандидати на изборите.