Парафирана САА меѓу Црна Гора и ЕУ
16 март 2007Реклама
Црна Гора и ЕУ го потпишаа договорот за Стабилизација и Асоцијација. Еврокомесарот за проширување Оли Рен вчера во Подгорица изјави дека од договорот за слободна трговија земјата ќе има конкретна корист. Рен порача дека од исполнувањетоа на спогодбата, реформите во судството и јакнење на административниот капацитет, ќе зависи патот на Црна Гора кон ЕУ. Рен денеска е во Сараево.