1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нова надеж за мир на Блискиот исток

18 декември 2003
https://p.dw.com/p/AcRI

Германскиот министер за надворешни работи Јошка Фишер упати апел до Израелците и Палестинците за средба на највисоко ниво, со која би му се дал нов поттик на мировниот процес на Блискиот исток. По средбите со палестинскиот и израелскиот премиер Ахмед Кореи и Ариел Шарон, Фишер оцени дека Израел се наоѓа на политичка раскрсница, можеби најважната по основањето на државата во 1948. година.

Во говорот на угледната Конференцијата на Универзитетот во Херцлија, Јошка Фишер уште еднаш ја нагласи поддршката на Германија за израелската држава. Истовремено шефот на германската дипломатија се изјасни за создавање две суверени држави, во кои Израелците и Палестинците ќе живеат безбедно едни покрај други. Тој му даде полна поддршка и на мировниот план на Блиско-источниот квартет, кој може д биде повторно заживеан преку цела низа мерки. Една од нив, според Фишер, е постигнување потполно примирје меѓу страните во конфликтот. По посетата на Египет и Јордан, Фишер оцени дека постојат знаци на напредок кај палестинската страна во таа насока, а како позитивни ги оцени и чекорите за разоружување на палестинските радикални групи, од една, и повлекувањето на нелегалните израелски населби од палестинските автономни подрачја, од друга страна. Гостинот од Берлин упати критика на заштитниот sид што Израел го гради кон Западниот брег на реката Јордан. Тој не гледа никакви безбедносни придобивки од sидот, туку само дополнителчнин проблеми, бидејќи одзема нови плаестински територии.

На заедничката прес-конференција со неговиот израелски ресорен колега, СИлван Шалом, Фишер изјави дека арапската страна ја согледала нужноста од промени и повторно заживување на мировниот процес. Во тој контекст улогата на ЕУ не смее да биде потценета, нагласи Фишер:

"Сметам дека улогата на Европејците се потценува. Но- да не беа тие ќе немаше премиер на Палестинците, немаше да има реформи, ниту пак прифаќање на мировниот план. Секако дека во тој процес одредена улога ќе игра американската предизборна битка, тука е и концентрацијата врз Ирак, и сето е разбирливо. Јас сметам дека Европејците треба да продолжат да ја играат нивната улога во однос на страните во конфликтот."

За ваквите ставови шефот на германската дипломатија доби неочекувано голем аплауз на угледната Конференција во градот Херцлија: "Она што беше интересно, тоа е што Фишер одржа говор пред публика која е повеќе десно ориентирана, но и покрај тоа тој доби голем аплауз. Тој има посебно влијание во оваа земја, а интересно е што истото може да се каже и за палестинската страна. Тој секако не може да креира мировни процеси, но сепак може да изврши влијание врз расположението во таа насока, бидејќи населението на обете страни денес поинаку гледа врз нештата, во споредба со ставот пред поливина година" - нагласи поранешниот амбсадор на Израел во Германија и сегашен раководител на Инстутот за европски студии при Универзитетот во Херцлија, Ави Примор.