1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Музиката - културен мост меѓу Македонија и Германија

Горан Петрески16 ноември 2006

Германската амбасада во Скопје го најави концертот што во недела во Македонската опера и балет го органзиира Дојче Веле.

https://p.dw.com/p/Ac1f
Фотографија: Bilderbox

Станува збор за камерен концерт на Ансамблот Полифонија Берлин. На македонската публика ќе и се претстават деветмина музичари од Германскиот симфониски оркестар Берлин со дела од европската класика и романтика.

Македонската опера и балет со задоволство го прифатила предизвикот да биде домаќин на германските уметници изјави директорот на оперско – балетската куќа Оливер Арсовски „Овој ансамбл прво како состав не е обичен за нас, а второ свири дела кои малку се познати во Македонија. Значи ова е дувачки квинтет со гудачки квартет плус контрабас. Значи претставува еден така речи нонет, што јас мислам дека секој што ќе дојде на овој концерт ќе има едно несекојдневно доживување во однос на музиката, а и нивните рефернци од каде доаѓаат и од кој оркестар се, кажуваат дека ние ќе имаме еден навистина добар концерт.“

По концеротот германските музичари два дена во Скопје ќе водата Воркшоп за млади талентирани музичари. Каква е поврзаноста на германскиот симфиониски оркестар од Берлин и Дојче Веле. Организаторите велат: врската е во интернационалноста и во отвореноста кон светот. Дојче Веле како медиумски прозорец и мост за поврзување на народите се докажа во Македонија како веродостоен и независен радио глас од центарот на Европа.

Уредничката на македонската програма Нада Штајнман смета дека македонските граѓани се љубители на добрата музика и се надеваа дека Дојче Веле ќе успее да ги заинтересира со концертот што го организра. „Ние сме познати како гласот на Германија кој емитува од срцето на Европа и досега со задоволство ве придружуваме во информативниот дел на нашата порграма, а сега за првпат сакаме да ги отвориме срцата на Македонците и со музика. Зошто Дојче Веле и музика? Тоа е интересн феномен, затоа што мостови се градат не само на политички,економски план туку се градат и преку музиката.“

Концертот на Берлиснкиот Ансанбл Полифонија ќе се оддржи в недела мна 19 ноевмри во фоаајето на Македонската опера и балет.