Македонија ќе биде примена во НАТО откако ќе се реши спорот со името
3 април 2008Реклама
На самитот на НАТО во Букурешт е одлучено засега да не се водат преговори за прием на Македонија. Планираната покана до владата во Скопје пропадна поради ветото на Грција.
Но, учесниците на самитот сепак потенцираат дека преговорите ќе продолжат кога ќе се реши проблемот со името.
Дефинитивно е дека во Алијансата ќе бидат примени Албанија и Хрватска , генералниот секретар на НАТО Јап де Хоп Шефер ја поздрави поканата за нив.