Ирачкиот премиер ги критикува САД
31 мај 2006По најновите сознанија за настанот во градот Хадита, каде лани во ноември американски маринци во акт на одмазда наводно убиле 24 цивили, премиерот Нури ал-Малики нагласи дека смрт на едно семејство не може да се оправда ни кога се војува против терористи. Тој искажа загриженост поради растечкиот број грешки на американските војници. Новиот ирачки амбасадор во САД Самир ал-Сумајдае дополни дека има многу индиции оти маринците намерно ги убивале недолжните цивили. Американското министерство за одбрана вети дека сеопфатно ќе ги расветли настаните во Хадита.
Министерството, инаку, соопшти дека од Кувајт два баталјона се прекомандувани во провинцијата Анбар на западот на земјата. Тоа е засилување од околу 1500 војници, како подршка за борбата против сунитски бунтовници и припадници на А Каеда. Анбар е упориште на сунитските екстремисти.
Во три тешки бомбашки напади вчера во Ирак, според полициски наводи, загинале најмалку 53 лица. Преку 30 жртви имаше само во две експлозии во главниот град Багдад.