Избори во Македонија
Реклама
На шестите по ред парламентарни избори во Македонија, што се одржуваат на 1 јуни, учествуваат 18 кандидатски листи на коалиции, партии и независни кандидати. Изборите се спроведуваат според пропорционалниот модел, во шест изборни единици. Дојче Веле во серија текстови и аудио-прилози информира за пораките и ветувањата што учесниците на изборите им ги упатија на избирачите, за размената на удари на политичките противници и сигналите и предупредувањата што до Македонија ги упатува меѓународната заедница, која бара демократски избори.