Германската влада загрижена поради инцидентите на изборите во Македонија
2 јуни 2008„Сојузната влада со голема загриженост ги прими информациите за нерегуларности и насилства, кои фрлија темна сенка врз изборите во Македонија. Инцидентите се неприфатливи и ја подриваат довербата на народот во демократските процеси. Апелираме случаите на насилства и нерегуларности, што ги имаше и во текот на предизборната кампања, до крај да се разјаснат и иницијаторите да бидат повикани на одговорност. Политичките сили во Македонија сега треба да се концентрираат на тоа да гарантираат непроблематично прегласување на избирачките места во кои имше инциденти. Очекуваме повтореното гласање да биде слободно, фер и во согласност со меѓународните стандарди“, изјави заменик-портпаролот на германското министерство за надворешни работи Андреас Пешке.
►◄